Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Пејте му на Јехова — нови песни

 Песна 141

Да ги бараме пријателите на мирот

Да ги бараме пријателите на мирот

Преземи:

(Лука 10:6)

  1. Нашиот пример Исус Христос е.

    По правлив пат, во жежок ден

    тој одел не штедејќи се.

    Од ден на ден,

    од утро сѐ до мрак

    со љубов одел да бара кротки луѓе пак.

    И ние спремно одиме

    по куќите, улиците,

    со веста дека маките се при крај.

    (РЕФРЕН)

    Решени сме

    да служиме со сета душа.

    Решени сме

    за Бог по цел свет да се слуша.

    Нема до крај

    да запреме!

  2. Времето тече незапирливо,

    а секој живот, секој здив,

    е толку скапоцен за Бог.

    Ние од љубов спремни сме на сѐ

    за нова надеж да има

    срцето без лек.

    Ќе бараме дур’ можеме

    за некого да спасиме,

    а радоста нѐ бодри секој нов ден.

    (РЕФРЕН)

    Решени сме

    да служиме со сета душа.

    Решени сме

    за Бог по цел свет да се слуша.

    Нема до крај

    да запреме!