Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

СОДРЖИНА

Јеховини сведоци

македонски

Пеј му од срце на Јехова

 ПЕСНА 96

Божјата сопствена книга — богатство

Select an Audio Recording
Божјата сопствена книга — богатство

(Изреки 2:1)

  1. 1. На светот има една стара книга

    што носи радост, утеха и мир.

    И само таа може да им даде

    на „мртви“ живот, а на „слепи“ вид.

    Се вика Свето писмо таа книга,

    а писателите ги избрал Бог.

    Му биле верни слуги што ги сакал.

    Со својот дух им давал водство тој.

  2. 2. А тие точен опис нам ни дале

    за тоа како создавал Бог сѐ,

    и што му дал на човекот во рајот

    но зошто после изгубил тој сѐ,

    за еден ангел бунтовник што станал

    и власта му ја оспорил на Бог.

    Тој бунт ни донел смрт и многу болки,

    но ќе му дојде крај на сето зло.

  3.  3. А ние денес може да сме среќни —

    Бог сета власт на Исус му ја дал.

    И нека сите луѓе чујат од нас

    што сѐ ќе смени Исус како Цар.

    Да, Речта Божја вистинска е гозба —

    ни нуди вкусно залче секој час.

    Во душа голем мир ни носи таа.

    Зар има нешто послатко за нас?