Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

СОДРЖИНА

Јеховини сведоци

македонски

Пеј му од срце на Јехова

 ПЕСНА 90

Да се храбриме едни со други!

Select an Audio Recording
Да се храбриме едни со други!

(Евреите 10:24, 25)

  1. 1. Штом еден со друг сите ние

    се храбриме и сложни сме,

    меѓу нас љубовта ќе расте,

    ќе биде мотив наш за сѐ.

    Нѐ спојува нас таа љубов,

    нѐ прави храбри покрај сѐ.

    И собранието нѐ штити,

    прибежиште од светот е.

  2. 2. Збор благ, во право време кажан,

    ко лек на болна рана е.

    Нас така браќата нѐ тешат,

    во тешко време кога сме.

    Нѐ држи една иста надеж,

    се стремиме кон иста цел.

    Па, кога некој носи товар

    да земеме и ние дел.

  3. 3. Дур‘ денот на Јехова ита,

    на секој состанок да сме.

    Бог така сите нас нѐ чува

    од замките на овој свет.

    А тоа што сме Божји народ

    нѐ прави поблиски од сѐ.

    Да мислиме на сите други,

    охрабрени од нас да се.