Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Пеј му од срце на Јехова

 ПЕСНА 75

„Еве ме мене, испрати ме!“

Select an Audio Recording
„Еве ме мене, испрати ме!“
ИЗГЛЕД
Text
Image

(Исаија 6:8)

  1. 1. По цел свет денес луѓето

    го клеветат и срамат Бог.

    За некој тој е слаб ил’ груб,

    „не постои“, ќе рече друг.

    Кој од нас ќе го брани Бог

    насекаде со гласот свој?

    (РЕФРЕН 1)

    „Јехова Боже, еве, јас,

    во одбрана ќе застанам.

    За мене тоа, Боже, е чест.

    Еве ме! Испрати ме!“

  2. 2. Ни трошка почит немаат,

    за бавен Бог го сметаат.

    Се клањаат пред идоли

    и „цезарот“ е бог за нив.

    Кој ќе им објави без страв

    за војната на Богот прав?

     (РЕФРЕН 2)

    „Јехова Боже, еве, јас,

    без страв ќе ги предупредам.

    За мене тоа, Боже, е чест.

    Еве ме, испрати ме!“

  3. 3. А кротките ги жалости

    што толку злоба постои.

    Со сета душа копнеат

    по надеж и по утеха.

    Кој надеж би им донел ним,

    кој утеха за нив би бил?

    (РЕФРЕН 3)

    „Јехова Боже, еве, јас,

    за тебе ќе ги поучам.

    За мене тоа, Боже, е чест.

    Еве ме, испрати ме!“