Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

СОДРЖИНА

Јеховини сведоци

македонски

Пеј му од срце на Јехова

 ПЕСНА 68

Да го сееме семето — веста за Царството

Select an Audio Recording
Да го сееме семето — веста за Царството

(Матеј 13:4-8)

  1. 1. Господарот Исус нѐ викнал

    на своето поле и нас.

    Обезбедил помош и водство,

    и поуки добри ни дал.

    Вистината како семето е —

    посеана носи свој плод.

    А чистите срца ко земјата се

    која дава изобилен род.

  2. 2. Во службата успехот често

    ќе зависи многу од нас.

    И нашата искрена помош

    ќе води до духовен раст.

    Во време на сомнеж, притисок, страв

    за поддршка тука да сме.

    И нечие срце ќе донесе род,

    кој највредната награда е.

(Види и Мат. 13:19-23; 22:37.)