Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Пеј му од срце на Јехова

 ПЕСНА 63

Ние сме Јеховини сведоци!

Select an Audio Recording
Ние сме Јеховини сведоци!

(Исаија 43:10-12)

  1. 1. Има разни богови,

    дрвени и камени.

    Но, пред Богот жив се

    неми, немоќни.

    Можат ли иднината

    тие да ја претскажат?

    Ниеден сведок нема за нив,

    никој што би ги одбранил.

    (РЕФРЕН)

    Ние сме му сведоци

    на Јехова, Богот жив.

    Досега сѐ што прорекол тој

    исполнил од збор до збор.

  2. 2. Името на Богот наш

    гордо ќе го носиме.

    Наскоро над светот

    тој ќе владее.

    Сите нека дознаат

    која е вистината,

    кој Бог за вера достоен е,

    кому од срце пееме:

    (РЕФРЕН)

    Ние сме му сведоци

    на Јехова, Богот жив.

    Досега сѐ што прорекол тој

    исполнил од збор до збор.

  3.  3. Името на својот Бог

    ние ќе го славиме,

    и од срамот смело

    ќе го браниме.

    Оној што ја прифаќа

    искрено вистината,

    надеж ќе има, радост и мир,

    живот што не ќе заврши.

    (РЕФРЕН)

    Ние сме му сведоци

    на Јехова, Богот жив.

    Досега сѐ што прорекол тој

    исполнил од збор до збор.