Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Пеј му од срце на Јехова

 ПЕСНА 57

Да проповедаме на најразлични луѓе

Select an Audio Recording
Да проповедаме на најразлични луѓе

(1. Тимотеј 2:4)

  1. 1. Бог секого го сака како свој

    и не е пристрасен кон никој тој.

    За него секој од нас вреден е

    и сака блиски со него да сме.

    (РЕФРЕН)

    Кој е кој и кој е што

    ништо не значи за Бог,

    најважното е длабоко во нас.

    Па, зар не би дале сѐ

    за да знае сиот свет

    со какви очи Бог нѐ гледа нас?

  2. 2. И за нас секој човек вреден е,

    без оглед кој е, каде живее.

    Зад тоа многу друго гледа Бог,

    во секој доброто го бара тој.

    (РЕФРЕН)

    Кој е кој и кој е што

    ништо не значи за Бог,

    најважното е длабоко во нас.

    Па, зар не би дале сѐ

    за да знае сиот свет

    со какви очи Бог нѐ гледа нас?

  3. 3. Да свртиш грб на овој злобен свет

    е голем чекор, сите знаеме.

    Но, за Јехова посебно е мил

    тој што на таков чекор спремен бил.

    (РЕФРЕН)

    Кој е кој и кој е што

    ништо не значи за Бог,

    најважното е длабоко во нас.

    Па, зар не би дале сѐ

    за да знае сиот свет

    со какви очи Бог нѐ гледа нас?