Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

СОДРЖИНА

Јеховини сведоци

македонски

Пеј му од срце на Јехова

 ПЕСНА 40

На кој бог му припаѓаме?

Select an Audio Recording
На кој бог му припаѓаме?

(Римјаните 14:8)

  1. 1. Кој бог го избра ти?

    И кому му припаѓаш?

    Штом некому си му покорен,

    твој господар и бог ти е.

    Два бога не можеш

    да имаш во животот.

    Во срцето кој е изборот твој,

    на крајот, тој ти е бог.

  2. 2. Кој бог го избра ти?

    И кому му припаѓаш?

    На лажниот или правиот,

    на нас е сега изборот.

    Дал’ уште верни сме

    на човек што владее?

    Ил’ верни му сме на Бог секој ден,

    тој за нас најважен е?

  3. 3. Кој бог го избрав јас?

    Јехова е мојот Бог.

    Не постои никој поважен

    од мојот Татко небесен.

    Ме купи скапо тој,

    му должам благодарност.

    И сѐ дур’ сум жив, дур’ имам јас здив,

    Јехова мој ќе е Бог.