Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

СОДРЖИНА

Јеховини сведоци

македонски

Пеј му од срце на Јехова

 ПЕСНА 34

Да живееме беспрекорно

Select an Audio Recording
Да живееме беспрекорно

(Псалм 26)

  1. 1. Испитај ме, мој Боже темелно,

    и види дали сум јас чист во срцето.

    И сите мои мисли види ги,

    прочисти ме до крај и живот дари ми.

    (РЕФРЕН)

    Беспрекорен да бидам секој ден

    пред тебе сакам јас, мој Боже, секогаш.

  2. 2. Не седнувам со неискрените,

    го мразам друштвото на лицемерните.

    Јехова чувај ме од луѓе зли,

    бидејќи добро знам, ги чека казна нив.

    (РЕФРЕН)

    Беспрекорен да бидам секој ден

    пред тебе сакам јас, мој Боже, секогаш.

  3. 3. А домот твој го сакам од срце

    и тебе радосно ти служам секој ден.

    Ќе бидам крај жртвеникот твој свет,

    да знаеш колку сум благодарен за сѐ.

    (РЕФРЕН)

    Беспрекорен да бидам секој ден

    пред тебе сакам јас, мој Боже, секогаш.

(Види и Пс. 25:2.)