Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Пеј му од срце на Јехова

 ПЕСНА 24

Дојдете на Јеховината гора!

Select an Audio Recording
Дојдете на Јеховината гора!

(Исаија 2:2-4)

  1. 1. Крени поглед за миг

    над планините, над сѐ.

    Денес Јехова има

    гора над сите нив.

    Луѓе од секој крај,

    мноштво оди кон неа.

    Тие го канат секој:

    „Дојди со нас и ти!“

    Време е, чукна час,

    голем народ да стане од мал.

    Овој раст доказ е:

    Бог нѐ води и благослов дал.

    Милиони кај Бог

    веќе се собираат.

    Верно, од ден на ден,

    му служи секој од нив.

  2.  2. Исус заповед дал

    добра вест да шириме.

    Веста што ни ја дал

    ја слуша целиот свет.

    Сега, тој како Цар,

    сите ги повикува

    живот и мир да најдат

    преку Божјата Реч.

    Секој ден, голем број

    кротки луѓе привлекува тој.

    Каква чест за нас е

    што на Бог соработници сме!

    Храбро нашиот глас

    сегде нека одекне:

    „Дојди на таа гора,

    со Јехова да сме!“