Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

СОДРЖИНА

Јеховини сведоци

македонски

Пеј му од срце на Јехова

 ПЕСНА 139

Се гледаш ли во новиот свет?

Select an Audio Recording
Се гледаш ли во новиот свет?

(Откровение 21:1-5)

  1. 1. Се гледаш ли, ме гледаш ли

    за светот нов дури мечтаеш ти?

    Замисли си, се будиш здрав

    и денот не носи тага, страв.

    Му дошол крај на сето зло,

    со љубов владее вечно Бог.

    Нов почеток тоа за Земјата е.

    Во душата пресреќни

    ќе запееме:

    (РЕФРЕН)

    „Јехова наш Боже, прекрасно е!

    На власт е Исус и обнови сѐ.

    Од срцата ни извира песнава нам,

    заслужуваш слава и чест засекогаш“.

  2.  2. Отпатувај со мислите

    и ѕирни малку во новиот свет.

    Ни една вест што носи бол,

    ни жална глетка, ни непребол.

    Се исполни ветеното,

    го распна шаторот над нас Бог.

    Се будат и сите од смртниот сон,

    и песната нивна

    одекнува ко ѕвон:

    (РЕФРЕН)

    „Јехова наш Боже, прекрасно е!

    На власт е Исус и обнови сѐ.

    Од срцата ни извира песнава нам,

    заслужуваш слава и чест засекогаш“.