Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

СОДРЖИНА

Јеховини сведоци

македонски

Пеј му од срце на Јехова

 ПЕСНА 117

Да покажуваме добрина!

Select an Audio Recording
Да покажуваме добрина!

(2. Летописи 6:41)

  1. 1. О Јехова, добар Татко,

    колку грижлив си кон нас!

    Ти си свет и вечно верен,

    толку многу си ни дал.

    Не заслуживме со ништо

    таква добрина кон нас.

    Ти си достоен за фалба

    и да бидеш Богот наш.

  2. 2. Нека добрина нѐ краси

    како тебе сите нас,

    нека од нас слушнат сите

    каква надеж си ни дал.

    Ти на добрина го учиш

    твојот народ по цел свет.

    Нека доброто го води

    секој од нас, секој ден.

  3. 3. Љубов посебна меѓу нас

    нека има, Боже наш,

    да сме добри еден кон друг

    како ти што си кон нас.

    Во собрание и дома,

    надвор, сегде кај што сме,

    нека секој од нас биде

    добар човек секој ден.