Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Запознај го Бог и живеј засекогаш

 ДЕЛ 8

Зошто смртта на Исус е важна за тебе?

Зошто смртта на Исус е важна за тебе?

Исус умрел за да можеме ние да живееме (Јован 3:16).

Три дена откако умрел Исус, некои жени дошле кај неговиот гроб и виделе дека е празен. Јехова го вратил Исус во живот.

Подоцна Исус им се појавил на своите апостоли.

Јехова го воскреснал Исус како моќно, бесмртно духовно суштество. Апостолите виделе како тој заминува на небото.

 Бог го воскреснал Исус и го поставил за Цар на Божјето Царство (Даниел 7:13, 14).

Исус го дал својот живот како откупнина за луѓето (Матеј 20:28). Преку таа откупнина, Бог ни дава можност да живееме засекогаш.

Јехова го поставил Исус за Цар над целата Земја. Заедно со него ќе владеат 144.000 верни лица. Тоа се луѓе од Земјата кои Бог ги воскреснува за да живеат на небото. Исус и овие 144.000 сочинуваат една праведна небесна влада. Таа влада е Божјето Царство (Откровение 14:1-3).

Под Божјето Царство, Земјата ќе стане рај. Повеќе нема да има војни, криминал, сиромаштија и глад. Луѓето ќе бидат вистински среќни (Псалм 145:16).

Нешто повеќе

ДОБРА ВЕСТ ОД БОГ!

Кој е Исус Христос?

Дознај зошто Исус умрел, што е откупнината и што прави тој сега.

ДОБРА ВЕСТ ОД БОГ!

Што е Божјето Царство?

Кој е Цар на Божјето Царство и што ќе направи Царството?