Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Запознај го Бог и живеј засекогаш

 ДЕЛ 2

Кој е вистинскиот Бог?

Кој е вистинскиот Бог?

Има само еден вистински Бог. Тој се вика Јехова (Псалм 83:18). Бог е Дух и затоа не можеме да го видиме. Тој многу нѐ сака и се радува кога и ние го сакаме него, а и другите луѓе (Матеј 22:35-40). Бог е семоќен и создал сѐ.

Бог најпрво создал еден моќен ангел, кој подоцна дошол на Земјата како човек и бил наречен Исус Христос. Јехова создал и други ангели.

Јехова создал сѐ на небото... и на Земјата (Откровение 4:11).

 Јехова Бог ги создал ѕвездите и Земјата и сѐ што е на неа (1. Мојсеева 1:1).

Тој го направил првиот човек, Адам, од земниот прав (1. Мојсеева 2:7).