Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Запознај го Бог и живеј засекогаш

 ДЕЛ 7

Кој бил Исус?

Кој бил Исус?

Јехова го испратил Исус на Земјата (1. Јованово 4:9).

За да го радуваме Јехова, мора да учиме за уште една важна личност. Долго пред да го направи Адам, Бог создал еден моќен ангел на небото.

Јехова го испратил овој ангел на Земјата и тој се родил во Витлеем. Го родила една девица која се викала Марија. Ова дете било Исус (Јован 6:38).

Додека бил на Земјата, Исус совршено ги покажувал особините на Бог. Бил благ, пристаплив и многу ги сакал луѓето. Тој бестрашно ги поучувал за Јехова.

 Исус правел добри работи, но многу луѓе го мразеле (1. Петрово 2:21-24).

Исто така, Исус ги лекувал болните и вратил во живот некои што умреле.

Верските водачи го мразеле Исус затоа што ги разоткрил нивните лажни учења и лоши постапки.

Верските водачи ги натерале Римјаните да го камшикуваат Исус и на крај да го убијат.