Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Запознај го Бог и живеј засекогаш

 ДЕЛ 3

Каков бил животот во рајот?

Каков бил животот во рајот?

Јехова им дал на Адам и Ева многу убави работи (1. Мојсеева 1:28).

Јехова ја направил првата жена, Ева, и му ја дал на Адам (1. Мојсеева 2:21, 22).

Јехова ги создал со совршен ум и тело. Тие немале никаква маана.

Живееле во еденската градина. Тоа место било прекрасен рај. Во него течела една река и имало секакви дрвја и животни.

Јехова зборувал со нив и ги поучувал. Ако му биле послушни, ќе можеле да живеат засекогаш во рајот на Земјата.

 Бог им заповедал да не јадат од едно дрво (1. Мојсеева 2:16, 17).

Јехова им покажал на Адам и Ева едно дрво во градината и им рекол дека, ако јадат од него, ќе умрат.

Еден ангел се побунил против Бог. Тој злобен ангел е Сатана Ѓаволот.

Сатана не сакал Адам и Ева да го послушаат Јехова. Затоа преку една змија ѝ кажал на Ева дека, ако јаде плод од тоа дрво, нема да умре, туку ќе стане како Бог. Но, тоа било лага (1. Мојсеева 3:1-5).

Нешто повеќе

ДОБРА ВЕСТ ОД БОГ!

Каква е Божјата намера со Земјата?

Библијата објаснува зошто Бог ја создал Земјата, кога ќе престанат страдањата и каква иднина ги чека Земјата и оние што ќе живеат на неа.