Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Запознај го Бог и живеј засекогаш

 ДЕЛ 1

Како да го запознаеме Бог?

Како да го запознаеме Бог?

Бог ни зборува преку Библијата (2. Тимотеј 3:16).

Вистинскиот Бог се погрижил повеќе луѓе да ги запишат неговите мисли во една света книга. Таа книга е Библијата. Во неа има важни информации што Бог сака да ги знаеш.

Бог знае што е најдобро за нас. Ако го слушаш, ќе бидеш вистински мудар (Изреки 1:5).

Бог сака сите луѓе на Земјата да ја читаат Библијата. Сега ја има на многу јазици.

Ако сакаш да го запознаеш Бог, мораш да ја читаш и да ја разбереш Библијата.

 Луѓето низ целиот свет учат за Бог (Матеј 28:19).

Јеховините сведоци можат да ти помогнат да ја разбереш Библијата.

Низ целиот свет, тие им ја кажуваат на луѓето вистината за Бог и ги поучуваат за Него.

Тие бесплатно ќе те поучат и тебе. Можеш да учиш за Бог и на состаноците на Јеховините сведоци.