Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Запознај го Бог и живеј засекогаш

 ДЕЛ 13

Што мора да правиме за да го радуваме Бог?

Што мора да правиме за да го радуваме Бог?

Немој да правиш лоши работи (1. Коринќаните 6:9, 10).

Ако го сакаме Јехова, нема да го правиме она што тој го мрази.

Јехова не сака да крадеме, да се опиваме или да се дрогираме.

Бог ги мрази убиствата, абортусот и хомосексуалноста. Тој не сака да бидеме лакоми или да се тепаме со другите.

Не смееме да им се клањаме на идоли ниту да се занимаваме со спиритизам.

Оние што прават лоши работи нема да живеат во рајот на Земјата.

 Прави го она што е добро (Матеј 7:12).

За да го радуваме Бог, мора да се трудиме да бидеме како него.

Покажи им на другите дека ги сакаш така што ќе бидеш љубезен и дарежлив кон нив.

Биди чесен.

Биди милостив и простувај.

Зборувај им на другите за Јехова (Исаија 43:10).