Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Запознај го Бог и живеј засекогаш

 ДЕЛ 5

Кој му бил послушен на Бог пред големиот Потоп?

Кој му бил послушен на Бог пред големиот Потоп?

Повеќето луѓе во времето на Ное биле лоши (1. Мојсеева 6:5).

Адам и Ева имале деца и по некое време Земјата се наполнила со многу луѓе. Подоцна и некои ангели се побуниле против Бог и застанале на страна на Сатана.

Тие дошле на Земјата и се претвориле во луѓе за да можат да си земаат жени. Синовите што ги раѓале нивните жени биле поголеми и посилни од другите луѓе, а биле и многу насилни.

Светот се наполнил со луѓе кои правеле лоши работи. Библијата вели: ‚Лошотијата на луѓето на земјата беше голема и сите нивни мисли секогаш беа зли‘.

 Ное го послушал Бог и направил арка (1. Мојсеева 6:13, 14, 18, 19, 22).

Ное бил добар човек. Јехова му кажал дека ќе ги уништи сите лоши луѓе со голема поплава или потоп.

Исто така, Бог му рекол на Ное да направи еден голем брод, односно арка. Во неа требало да влезат неговото семејство и секакви видови животни.

Ное им кажувал на луѓето дека ќе има Потоп, но тие не го слушале. Некои му се смееле, а други го мразеле.

Кога арката била готова, Ное ги внел животните во неа.

Нешто повеќе

ДОБРА ВЕСТ ОД БОГ!

Зошто Бог ги допушта злото и страдањата?

Како се појавило злото и зошто Бог го допушта? Ќе им дојде ли некогаш крај на страдањата?