Бог нѐ гледа и нѐ слуша кога му се молиме (1. Петрово 3:12).

Јехова „ги слуша молитвите“ (Псалм 65:2). Тој сака да му се молиме од сѐ срце.

Моли му се само на Јехова и на никој друг.

 Можеме да се молиме за многу работи (1. Јованово 5:14).

Моли се да се врши Божјата волја на Земјата, како што се врши на небото.

Моли се во името на Исус. Така ќе покажеш дека си благодарен за она што тој го направил за тебе.

Моли го Јехова да ти помогне да го правиш она што е добро. Можеш да го молиш да ти даде храна, работа, облека, покрив над главата и да им дава сила на болните.