Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Запознај го Бог и живеј засекогаш

Нашиот Творец сака да нѐ води, да нѐ штити и да нѐ благословува.

Предговор

Бидејќи нѐ сака, Бог нѐ учи како да живееме.

Како да го запознаеме Бог?

За тоа ни е потребна помош. Кој може да ни помогне?

Кој е вистинскиот Бог?

Можеме да дознаеме како се вика и какви особини има.

Каков бил животот во рајот?

Првата библиска книга го дава одговорот.

Што се случило затоа што Адам и Ева го послушале Сатана?

Оттогаш почнале да се случуваат лоши работи.

Кој му бил послушен на Бог пред големиот Потоп?

Какви станале луѓето пред Бог да ги уништи со потоп?

Што учиме од големиот Потоп?

Тоа не е само обична приказна.

Кој бил Исус?

Зошто е важно да знаеме кој бил тој?

Зошто смртта на Исус е важна за тебе?

Преку откупната жртва на Исус Христос, Бог ни дава можност за прекрасна иднина.

Кога Земјата ќе стане рај?

Библијата прорекла кои работи ќе се случуваат пред да дојде тоа време.

Какви благослови ќе добијат оние што му се послушни на Бог?

Сигурно и ти би сакал да ги доживееш тие благослови.

Дали Јехова ги слуша нашите молитви?

За кои работи би можел да му се молиш на Бог?

Како твоето семејство може да биде среќно?

Најдобрите совети ни ги дава Бог, оној што го основал семејството.

Што мора да правиме за да го радуваме Бог?

Дознај кои работи Бог ги сака, а кои ги мрази.

Како ќе покажеш дека си му верен на Јехова?

Верноста кон Бог се гледа од нашите одлуки.