Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Врати се кај Јехова

Писмо од Водечкото тело

Писмо од Водечкото тело

Драги брате, драга сестро!

Како што знаеш, во Библијата главно се зборува за луѓе. Многу од нив биле верни мажи и жени кои се соочувале со слични предизвици како нашите. Тие имале „исти чувства како и ние“ (Јаков 5:17, фуснота). Некои биле оптоварени со проблеми и грижи. Други биле длабоко повредени од некој член на семејството или од некој соверник. А трети, пак, се измачувале со чувства на вина поради сопствените грешки.

Кога се нашле во вакви ситуации, некои лица се оддалечиле од Јехова. Но, дали сосема го оставиле? Не. Мнозина биле како псалмистот кој се молел: „Заскитав како овца изгубена. Побарај го својот слуга, зашто не ги заборавив твоите заповеди“ (Псалм 119:176). Дали можеби и ти имаш слични чувства?

Јехова никогаш не ги заборава своите слуги кои залутале од стадото. Напротив, тој прави сѐ што може за да ги пронајде — најчесто преку нивните соверници. На пример, размисли како Јехова му помогнал на својот слуга Јов кој доживеал многу неволји — претрпел материјална загуба, ги изгубил најмилите и се разболел од тешка болест. Згора на тоа, Јов бил длабоко повреден од непромислените зборови на оние кои требало да му дадат поддршка. Но, тој никогаш не му свртел грб на Јехова, иако некое време размислувал на погрешен начин (Јов 1:22; 2:10). Како Јехова му помогнал на Јов повторно да застане на нозе?

Еден начин на кој Јехова му помогнал на Јов е преку верниот Елиу. Кога Јов си го отворил срцето, Елиу најпрво внимателно го ислушал, а дури потоа му проговорил. Што му рекол? Дали го критикувал или му наметнувал чувства на вина и срам за да го поттикне да си го смени начинот на размислување? Дали Елиу сметал дека е подобар од Јов? Во никој случај! Под водство на светиот дух, тој рекол: „Пред вистинскиот Бог јас сум ист како тебе, и јас сум направен од глина. Еве, во мене нема ништо што би те плашело, тежината на моите зборови нема да те сотре“ (Јов 33:6, 7). Елиу не му го отежнал товарот на Јов, туку со љубов го советувал и го охрабрил.

Те уверуваме дека и ние ја подготвивме оваа брошура со иста цел. Најпрво, внимателно слушавме. Добро се запознавме со околностите и со начинот на размислување на некои соверници кои се оддалечиле од Јехова (Изреки 18:13). Потоа, истражувавме во Библијата и под молитва размислувавме за извештаите што покажуваат како Јехова во минатото им помогнал на своите слуги кои се соочиле со слични ситуации. На крајот, ги споивме библиските извештаи и поучните искуства на некои браќа и сестри од нашево време и ја направивме оваа брошура. Од сѐ срце те поттикнуваме да ја прочиташ. Биди уверен дека искрено те сакаме.

Водечко тело на Јеховините сведоци