Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Угледајте се на нивната вера

Како може да ни користи тоа што ќе научиме нешто повеќе за верните мажи и жени што се спомнуваат во Библијата?

Хронолошки преглед

Хронолошкиот преглед и географските карти ќе ти помогнат да имаш претстава кога и каде живееле верните луѓе што се спомнуваат во Библијата.

Писмо од Водечкото тело

Водечкото тело ни препорачува да ја прочитаме и да ја проучиме оваа книга лично или како семејство.

Вовед

Библијата содржи многу вистинити приказни за верни мажи и жени од минатото. Што можеме да научиме од нивниот пример?

АВЕЛ

„Иако е мртов, сѐ уште зборува“

Иако во Библијата е кажано многу малку за Авел, што можеме да научиме за него и за неговата вера?

НОЕ

,Одел со вистинскиот Бог‘

Со какви предизвици се соочувале Ное и жена му додека ги подигале своите деца? Како покажале вера со тоа што ја изградиле арката?

АВРААМ

„Татко на сите што веруваат“

Како Авраам покажал вера? На кои полиња од животот би сакал да се угледаш на верата на Авраам?

РУТ

„Каде ќе одиш ти, таму ќе одам и јас“

Зошто Рут била спремна да го остави своето семејство и својата татковина? Заради кои особини била толку скапоцена во очите на Јехова?

РУТ

„Примерна жена“

Од какво значење е бракот меѓу Рут и Вооз? Што можеме да научиме од Рут и Ноемина за семејството?

АНА

Во молитва му го излеала своето срце на Бог

Верата во Јехова ѝ помогнала на Ана да издржи во една навидум безизлезна ситуација.

САМОИЛ

„Растеше пред Јехова“

Зошто Самоил имал необично детство? Што му помогнало да изгради вера додека бил во светиот шатор?

САМОИЛ

Истрајал и покрај разочарувањата

Сите се соочуваме со проблеми и разочарувања кои претставуваат испит за нашата вера. Што можеме да научиме од тоа што Самоил истрајал?

АВИГЕЈА

Постапила разборито

Кои работи што ги учиме од Авигеја можат да помогнат во еден тежок брак?

ИЛИЈА

Храбро ја застапувал вистинската религија

Како можеме да бидеме како Илија кога некој не се согласува со она што го учи Библијата?

ИЛИЈА

Гледал и чекал

Колку упорно се молел пророкот Илија додека чекал Јехова да го исполни своето ветување?

ИЛИЈА

Бил утешен од својот Бог

Кои настани воделе до тоа Илија толку да се обесхрабри што дури го молел Бог да умре?

ЈОНА

Учел од своите грешки

Можеш ли да се соживееш со Јона, кој се плашел да прифати една задача? Од неговиот живот учиме многу за Јеховината стрпливост и милост.

ЈОНА

Научил да биде милостив

Како може извештајот за Јона да ни помогне искрено да се преиспитаме?

ЕСТИРА

Храбро се зазела за Божјиот народ

Потребна е вера и храброст за да се покаже самопожртвувана љубов како Естира.

ЕСТИРА

Мудра, храбра и самопожртвувана жена

Каква несебичност покажала Естира за Јехова и за неговиот народ?

МАРИЈА

„Еве ја Јеховината робинка!“

Што дознаваме за верата на Марија од она што му го рекла на ангелот Гавриел? Кои други убави особини ги покажала?

МАРИЈА

,Ги чувала тие зборови во своето срце‘

Тоа што го доживеала Марија во Витлеем ѝ ја зајакнало верата во Јеховините ветувања.

ЈОСИФ

Добар татко и верен Божји слуга

На кој начин Јосиф се покажал како добар татко? Зошто ги одвел Марија и Исус во Египет?

МАРТА

„Јас верувам“

Како Марта покажала дека има огромна вера дури и кога го оплакувала својот брат?

ПЕТАР

Се борел со стравови и сомнежи

Сомнежите може да влијаат многу негативно врз еден човек. Но, Петар ги победил своите стравови и сомнежи во врска со тоа дали да го следи Исус.

ПЕТАР

Останал лојален и покрај испитите

Како верата и лојалноста на Петар му помогнале да го прифати прекорот од Исус?

ПЕТАР

Од својот Господар научил да простува

Што научил Петар од Исус за простувањето? На кој начин Исус покажал дека му простил на Петар?

Заклучок

Како можеш постојано да си ја зајакнуваш верата и јасно да ја задржиш надежта во мислите?