Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Учи од Големиот Учител

 ПОГЛАВЈЕ 3

Оној што ги направил сите работи

Оној што ги направил сите работи

Кој ги направил сите живи работи?

ЗНАМ нешто прекрасно. Сакаш ли да чуеш што?— Погледни си ја раката. Свиткај ги прстите. Сега, подигни нешто. Твојата рака може да прави многу работи, и тоа добро. Знаеш ли кој ни ги направил рацете?—

Да, тоа е истиот Оној што ни ги направил устата, носот и очите. Тоа е Бог, Таткото на Големиот Учител. Зарем не сме среќни што Бог ни дал очи?— Со нив можеме да видиме многу работи. Можеме да ги гледаме цвеќињата. Можеме да ја гледаме зелената трева и синото небо. Можеме дури да ги видиме и гладните птички, како што се овие на сликата. Навистина, прекрасно е што можеме да гледаме вакви работи, нели?—

Но, кој ги направил овие работи? Дали тоа бил некој човек? Не. Луѓето можат да направат куќа. Но, човекот не може да направи трева што расте. Луѓето не можат да направат пиленце, ни цвеќе ниту некое друго живо нешто. Дали си го знаел тоа?—

Бог е оној што ги направил сите овие работи. Бог ги направил небото и земјата. Тој ги направил и луѓето. Ги создал првиот маж и првата жена. Исус, Големиот Учител, поучувал за ова (Матеј 19:4-6).

 Од каде знаел Исус дека Бог ги направил мажот и жената? Дали видел како Бог ги прави?— Да. Исус бил со Бог кога Бог ги направил мажот и жената. Исус бил првиот што бил направен од Бог. Исус бил ангел, и живеел на небото со својот Татко.

Библијата ни кажува дека Бог рекол: „Да направиме човек“ (Битие 1:26). Знаеш ли на кого му зборувал Бог?— Му зборувал на својот Син. Му зборувал на оној што подоцна дошол на земјата и станал Исус.

Колку интересно, нели? Замисли си! Кога го слушаме Исус, поучени сме од оној што бил со Бог кога Бог ја направил земјата и сите други работи. Исус научил многу работејќи со својот Татко на небото. Не е ни чудо што Исус е Големиот Учител!

 Што мислиш, дали Бог бил несреќен затоа што бил сам пред да го направи својот Син?— Не, не бил. А ако не бил несреќен, тогаш зошто направил други живи суштества?— Затоа што е Бог на љубовта. Тој сакал и други да живеат и да уживаат во животот. Треба да му бидеме благодарни на Бог што ни дал живот.

Сѐ што направил Бог ја покажува неговата љубов. Бог го направил сонцето. Сонцето ни дава светлина и нѐ топли. Да го немавме сонцето, ќе беше студено и на земјата ќе немаше живот. Зарем не си среќен што Бог го направил сонцето?—

Бог го прави и дождот. Понекогаш можеби не го сакаш дождот бидејќи кога врне не можеш да излезеш надвор и да си играш. Но, дождот им помага на цвеќињата да растат. Затоа, кога гледаме прекрасни цвеќиња, кому да му благодариме за нив?— На Бог. А кому треба да му благодариме кога јадеме овошје и зеленчук што се толку вкусни?— Треба да му благодариме на Бог бидејќи неговото сонце и неговиот дожд прават да расте сѐ.

Замисли си дека некој те прашува: ‚Дали Бог ги направил и човекот и животните?‘ Што би му одговорил?— Исправно е да се рече: „Да, Бог ги направил човекот и животните“. Но, што ако некој не верува дека Бог навистина ги направил луѓето? Што ако рече дека човекот настанал од животните? Па, Библијата не кажува такво нешто. Таа вели дека Бог е тој што ги создал сите живи суштества (Битие 1:26-31).

Ако некој ја направил куќата, тогаш кој ги направил цвеќињата, дрвјата и животните?

Но, можеби некој ќе ти рече дека не верува во Бог. Што ќе кажеш тогаш?— Па, можеш да покажеш на една куќа и да го прашаш: „Кој ја направил таа куќа?“ Секој знае дека некој мора да ја направил. Куќата сигурно не се направила сама, нели? (Евреите 3:4).

 Потоа, однеси го човекот во некоја градина и покажи му едно цвеќе. Прашај го: „Кој го направил ова цвеќе?“ Не го направил некој човек. И, исто како што куќата не се направила сама така ни цвеќето не се направило само. Некој го направил. Тоа бил Бог.

Замоли го човекот да застане и да ја слушне песната на некоја птица. Потоа, прашај го: „Кој ги направил птиците и кој ги научил да пеат?“ Бог. Бог е тој што ги направил небото и земјата и сите живи работи! Тој е Оној што дава живот.

Сепак, некој може да каже дека верува само во она што го гледа. Можеби ќе рече: ‚Ако не можам да го видам, не ни верувам во него‘. Така, некои луѓе велат дека не веруваат во Бог затоа што не можат да го видат.

Точно е дека не можеме да го видиме Бог. Библијата вели: ‚Ниеден човек не може да го види Бог‘. Ниеден маж, жена или дете на земјата не може да го види Бог. Затоа, никој не треба да се обидува да направи слика или лик на Бог. Тој дури и ни кажува да не правиме лик од него. Значи, на Бог не би му било мило да имаме такви работи во нашиот дом (Излез 20:4, 5; 33:20; Јован 1:18).

Но, ако не можеш да го видиш Бог, од каде знаеш дека навистина има Бог? Размисли за ова. Можеш ли да го видиш ветрот?— Не. Никој не може да го види ветрот. Но, можеш да видиш што прави тој. Можеш да видиш како лисјата треперат кога ветрот ги дува гранките на едно дрво. Затоа веруваш дека има ветар.

Од каде знаеш дека има ветар?

Можеш да ги видиш и работите што Бог ги направил. Кога ќе погледнеш едно живо цвеќе или птица, гледаш нешто што направил Бог. Затоа веруваш дека навистина има Бог.

Некој би можел да те праша: ‚Кој ги направил сонцето и земјата?‘ Библијата вели: „Бог ги создаде небото и земјата“  (Битие 1:1). Да, Бог ги направил сите овие прекрасни работи! Што мислиш ти за тоа?—

Зарем не е прекрасно што сме живи? Можеме да ги слушаме прекрасните песни на птиците. Можеме да ги гледаме цвеќињата и другите работи што ги направил Бог. И, можеме да ја јадеме храната што Бог ни ја дава.

За сите овие работи, треба да му благодариме на Бог. Најмногу од сѐ, треба да му благодариме за тоа што ни дал живот. Ако сме му навистина благодарни на Бог, ќе правиме нешто. Што?— Ќе го слушаме Бог, и ќе го правиме она што тој ни го кажува во Библијата. Така можеме да покажеме дека го сакаме Оној што ги направил сите работи.

Треба да покажеме благодарност кон Бог за сѐ што направил тој. Како? Прочитај го она што е запишано во Псалм 139:14; Јован 4:23, 24; 1. Јованово 5:21 и Откровение 4:11.