Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

Select language македонски

 ПОГЛАВЈЕ 47

Од каде знаеме дека Армагедон е близу

Од каде знаеме дека Армагедон е близу

ЗНАЕШ што е тоа знак, нели?— Во 46. поглавје читавме за знакот што го дал Бог за да покаже дека никогаш повеќе нема да го уништи светот со потоп. Исто така, и апостолите побарале знак за да знаат кога Исус ќе се врати и кога ќе биде близу крајот на светот, односно крајот на системот на работи (Матеј 24:3).

Со оглед на тоа што Исус ќе бил невидлив на небото, бил потребен еден знак што луѓето ќе можеле да го видат и што ќе покажел дека тој почнал да владее. Затоа Исус кажал на кои работи требало да обрнат внимание неговите ученици овде на земјата. Кога ќе се случеле тие работи, тоа ќе значело дека тој се вратил и дека почнал да владее на небото како Цар.

За да ги поучи своите ученици колку е важно постојано да внимаваат, Исус им рекол: „Погледнете  ја смоквата и сите други дрвја: Кога ќе забележите дека веќе распупуваат, и сами знаете дека веќе е близу летото“. Ти знаеш по што се гледа дека летото е близу. Можеш да знаеш и кога Армагедон е близу ако видиш дека се случуваат работите за кои зборувал Исус (Лука 21:29, 30).

Каква поука дал Исус кога зборувал за смоквата?

На оваа и на следната страница ќе видиме слики на кои се гледаат работите кои Исус рекол дека ќе бидат дел од знакот дека Божјето Царство е близу. Кога сите овие работи  ќе се случат, Божјето Царство со Исус Христос како Владетел ќе ги уништи сите други влади, како што читавме во 46. поглавје.

Сега, погледни ги внимателно претходните две страници, па ќе позборуваме за нив. Во Матеј 24:6-14 и Лука 21:9-11 можеш да прочиташ за она што го гледаш на овие слики. Исто така, забележи го и малото бројче на секоја слика. Истото бројче се наоѓа во почетокот на пасусот што ја опишува таа слика. Ајде да видиме дали денес се исполнуваат многуте делови од знакот што го дал Исус.

1) Исус рекол: „Ќе чуете за војни и извештаи за војни . . . ќе се крене нација против нација и царство против царство“. Дали си слушнал извештаи за војни?— Првата светска војна се водела од 1914 до 1918, а потоа се водела и Втората светска војна, од 1939 до 1945. Никогаш порано немало светски војни! Сега има војни по целиот свет. Изгледа дека секој ден на телевизија, на радио и во весниците слушаме или читаме за војни.

2) Исус исто така рекол: „Ќе има недостиг на храна . . . во едно место по друго“. Како што можеби знаеш, сите немаат доволно храна за јадење. Секој ден умираат илјадници луѓе затоа тоа што немаат доволно храна.

3) Исус додал: „Во едно место по друго ќе има чуми“. Дали знаеш што е тоа чума?— Тоа е болест која убива многу луѓе. Една голема чума, наречена шпанска треска, убила околу 20 милиони луѓе за само околу една година. Во нашево време уште повеќе луѓе веројатно ќе умрат од СИДА. А има и рак, срцеви и други болести од кои секоја година умираат илјадници луѓе.

4) Исус кажал уште еден дел од знакот, велејќи: „Ќе има . . . земјотреси во едно место по друго“. Дали знаеш што  е тоа земјотрес?— Земјотресите прават да се тресе земјата под твоите нозе. Се уриваат куќи, а честопати загинуваат и луѓе. Од 1914, секоја година имало многу земјотреси. Дали си чул за земјотреси?—

5) Исус рекол дека друг дел од знакот ќе биде тоа што ќе ‚има сѐ повеќе злоба‘. Затоа има толку многу крадење и насилство. Луѓето насекаде се плашат некој да не се обиде да им провали дома. Никогаш порано немало толку многу криминал и насилство насекаде во светот како што има денес.

6) Исус дал еден многу важен дел од знакот кога рекол: „Оваа добра вест за царството ќе биде проповедана по целата населена земја за сведоштво на сите нации; и тогаш ќе дојде крајот“ (Матеј 24:14). Ако веруваш во „оваа добра вест“, тогаш треба да им зборуваш на другите за неа. На тој начин можеш да учествуваш во исполнувањето на овој дел од знакот.

Можеби некои луѓе ќе речат дека работите што ги претскажал Исус се случувале отсекогаш. Но, ваквите работи никогаш порано не се случувале сите заедно, во толку многу делови на светот и во исто време. Дали сега разбираш што значи знакот?— Значи дека, кога ќе видиш како се случуваат сите овие работи, овој злобен свет наскоро ќе биде заменет со Божјиот нов свет.

Кога го дал овој знак, Исус зборувал и за едно посебно годишно време. Тој рекол: „Молете се вашето бегање да не се случи во зима“ (Матеј 24:20). Што мислиш, што сакал да каже со тоа?—

Па, ако некој мора да бега за време на некоја катастрофа во зима, кога лошото време го прави патувањето многу тешко, дури и опасно, што може да се случи?— Ако  воопшто успее да избега, тоа би било со многу тешкотии. Зарем не би било жалосно некој да умре во една зимска бура само затоа што бил презафатен со други работи и не тргнал на пат порано?—

Каква поука сакал да даде Исус кога зборувал за бегање во зима?

Сфаќаш ли што сакал Исус да каже кога рекол да не се чека до зима, па тогаш да се бега?— Сакал да ни каже дека, бидејќи знаеме колку Армагедон е близу, не треба да чекаме, туку треба да преземеме чекори за да му служиме на Бог, и така да му докажеме дека го сакаме. Ако чекаме, после може да биде предоцна. Тогаш би биле исти како оние во времето на големиот Потоп што го слушале Ное, но не влегле во арката.

Ајде сега да позборуваме за тоа како ќе биде кога ќе заврши големата војна Армагедон. Ќе научиме што има подготвено Бог за сите нас кои го сакаме и му служиме сега.

Еве и други стихови што покажуваат дека Армагедон е близу: 2. Тимотеј 3:1—5 и 2. Петрово 3:3, 4.