Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Учи од Големиот Учител

 ПОГЛАВЈЕ 25

Можат ли да се променат оние што прават лоши работи?

Можат ли да се променат оние што прават лоши работи?

ЗАР не би било прекрасно кога секој би го правел она што е добро?— Но, никој не прави секогаш само добри работи. Дали знаеш зошто сите ние понекогаш правиме лоши работи, дури и кога сакаме да правиме добро?— Затоа што сите сме родени со грев. Но, некои луѓе често прават многу лоши работи. Ги мразат другите луѓе и намерно ги повредуваат. Што мислиш, можат ли тие да се променат и да научат да бидат добри?—

Погледни го младичот што ги чува горните облеки на оние што фрлаат камења врз Стефан. Неговото еврејско име е Савле, но римското име му е Павле. Тој е среќен што ќе биде убиен Стефан, еден ученик на Големиот Учител. Да видиме зошто Савле прави такви лоши работи.

Савле ѝ припаѓа на една еврејска верска група наречена фарисеи. Фарисеите ја имаат Божјата реч, но обрнуваат повеќе внимание на учењата на некои свои верски водачи. Затоа Савле прави лоши работи.

Кога Стефан е уапсен во Ерусалим, Савле е таму. Стефан го носат на суд, каде што некои од судиите се фарисеи. Иако за Стефан се кажуваат лоши работи, тој не се плаши. Веднаш почнува да зборува храбро и на судиите им дава добро сведоштво за Јехова Бог и за Исус.

Но, на тие судии не им се допаѓа она што го слушаат. Тие веќе знаат многу за Исус. Всушност, само кратко време пред тоа, тие наредиле Исус да биде убиен! Но, потоа, Јехова го вратил Исус на небото. А сега, наместо да го променат својот  начин на постапување, судиите се борат против учениците на Исус.

Судиите го зграпчуваат Стефан и го носат надвор од градот. Го удираат толку силно што тој паѓа на земјата и тие фрлаат со камења по него. И, како што можеш да видиш на сликата, Савле е таму и гледа. Тој мисли дека е исправно Стефан да биде убиен.

Зошто Савле мисли дека е исправно Стефан да биде убиен?

Знаеш ли зошто Савле размислувал така?— Па, цел живот Савле бил фарисеј и верувал дека учењата на фарисеите се исправни. За него тие луѓе биле пример, па затоа ги имитирал (Дела 7:54-60).

Откако Стефан е убиен, што прави Савле?— Па, се обидува да се ослободи од останатите ученици на Исус! Оди право во нивните домови и извлекува и мажи и жени. Потоа ги фрла в затвор. Многу од учениците мораат да си заминат од Ерусалим, но не престануваат да проповедаат за Исус (Дела 8:1-4).

 Ова го тера Савле уште повеќе да ги мрази учениците на Исус. Така, тој оди кај Првосвештеникот Кајафа и добива одобрување за да апси христијани во градот Дамаск. Савле сака да ги одведе како затвореници во Ерусалим за да бидат казнети. Но, кога е на пат за Дамаск, се случува нешто неверојатно.

Кој му зборува на Савле, и што го испраќа да направи?

Го осветлува светлина од небото, и еден глас му вели: „Савле, Савле, зошто ме прогонуваш?“ Исус зборува од небото! Светлината е толку силна што Савле ослепува од неа, и луѓето што се со него мора да го водат до Дамаск.

По три дена Исус му се појавува во визија на еден свој ученик во Дамаск, кој се вика Ананија. Исус му кажува на Ананија да оди кај Савле, да му го врати видот и да разговара со него. Кога Ананија зборува со Савле, тој ја прифаќа вистината за Исус. Повторно му се враќа видот. Се менува целиот негов начин на живот, и тој станува верен слуга на Бог (Дела 9:1-22).

Дали сега сфаќаш зошто Савле правел лоши работи?— Затоа што бил погрешно поучен. Следел луѓе што не му биле верни на Бог. Тој ѝ припаѓал на една група луѓе кои човечките идеи ги ставале пред Божјата реч. Но, зошто Савле го менува својот живот и почнува да прави добро, иако другите фарисеи продолжуваат да се борат против Бог?— Затоа што Савле, всушност, не ја мрази вистината. Затоа, кога му покажуваат што е исправно, тој е спремен да го прави тоа.

Знаеш ли кој станал Савле подоцна?— Да, станал познат како апостол Павле, апостол на Исус. И, се сеќаваш, Павле напишал повеќе книги од Библијата од кој и да е друг.

Има многу луѓе како Савле што можат да се променат. Но, тоа не е лесно бидејќи има некој што упорно се труди да ги натера луѓето да прават лоши работи. Знаеш ли кој е тој?—  Кога Савле бил на пат за Дамаск, Исус му се појавил и му кажал кој е тој. Таму Исус му зборувал на Савле од небото и му рекол: ‚Те испраќам за да им ги отвориш очите на луѓето, да ги обратиш од темнината во светлината и од власта на Сатана кон Бог‘ (Дела 26:17, 18).

Да, Сатана Ѓаволот е тој што се обидува да ги наведе сите да прават лоши работи. Дали понекогаш ти е тешко да постапуваш исправно?— На сите ни е тешко понекогаш. Сатана прави да е тешко. Но, има и една друга причина зошто не е секогаш лесно да се прави она што е исправно. Знаеш ли која е таа?— Тоа што сите сме родени со грев.

Токму поради овој грев честопати ни е полесно да постапуваме погрешно отколку исправно. Тогаш, што треба да правиме?— Да, мораме да се бориме да го правиме она што е исправно. Кога постапуваме така, можеме да бидеме сигурни дека Исус, кој нѐ сака, ќе ни помогне.

Кога бил на земјата, Исус покажал дека ги сака луѓето што правеле лоши работи, но се промениле. Тој сфаќал колку им било тешко да се променат. На пример, некои жени имале сексуални односи со многу мажи. Се разбира, ова  било лошо. Библијата ги нарекува тие жени блудници, или проститутки.

Зошто Исус ѝ простил на оваа жена што имала направено лоши работи?

Еднаш, една таква жена чула за Исус, и дошла каде што бил тој, во куќата на еден фарисеј. Излеала масло врз нозете на Исус и со својата коса ги бришела солзите што ѝ капеле на неговите нозе. Ѝ било многу жал поради нејзините гревови, па затоа Исус ѝ простил. Но, фарисеите мислеле дека не треба да ѝ се прости (Лука 7:36-50).

Знаеш ли што им рекол Исус на некои од тие фарисеи?— Им рекол: „Блудниците одат пред вас во Божјето царство“ (Матеј 21:31). Исус го рекол ова затоа што блудниците имале вера во него, и ги смениле своите лоши патишта. Но, фарисеите продолжиле да им прават лоши работи на учениците на Исус.

Затоа, кога Библијата покажува дека она што го правиме е лошо, треба да сакаме да се промениме. А кога учиме што Јехова сака да правиме, треба да бидеме спремни да го направиме тоа. Тогаш Јехова ќе биде среќен и ќе ни даде вечен живот.

За да можеме да избегнуваме да го правиме она што е лошо, да прочитаме заедно во Псалм 119:9-11; Пословици 3:5—7 и 12:15).

Нешто повеќе

ЗАПОЗНАЈ ГО БОГ И ЖИВЕЈ ЗАСЕКОГАШ

Што мора да правиме за да го радуваме Бог?

Дознај кои работи Бог ги сака, а кои ги мрази.

СТРАЖАРСКА КУЛА

Можеме ли да му угодиме на Бог?

Одговорот можеме да го најдеме во библиските извештаи за Јов, Лот и Давид, кои направиле сериозни грешки.