Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Кој е клучот за среќно семејство?

Кој е клучот за среќно семејство?

Дали тоа е...

  • љубовта?

  • парите?

  • нешто друго?

 ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

„Среќни се оние што ја слушаат речта Божја и ја држат!“ (Лука 11:28, Свето писмо — превод Нов свет).

ШТО ЌЕ ЗНАЧИ ОВА ЗА ТЕБЕ

Во семејството ќе има вистинска љубов (Ефешаните 5:28, 29).

Во семејството ќе има вистинска почит (Ефешаните 5:33).

Во семејството ќе има доверба (Марко 10:6-9).

 МОЖЕМЕ ЛИ ДА Ѝ ВЕРУВАМЕ НА БИБЛИЈАТА?

Да, од најмалку две причини:

  • Бог го основал семејството. Библијата вели дека „секое семејство... му го должи своето име“ на Јехова Бог (Ефешаните 3:14, 15). Со други зборови, семејството постои затоа што Јехова го создал. Зошто е важно ова?

    Размисли: Ако јадеш нешто вкусно и сакаш да го дознаеш рецептот, кого ќе прашаш? Па логично, оној што го зготвил јадењето.

    Слично на тоа, за да го дознаеме „рецептот“ за среќно семејство, треба да го прашаме Јехова, оној што го создал семејството (1. Мојсеева 2:18-24).

  • Бог се грижи за нас. Би било мудро семејствата да бараат совети од Јехова, кои се запишани во неговата Реч, Библијата. Зошто? ,Зашто тој се грижи за нас‘ (1. Петрово 5:6, 7). Јехова ни го мисли најдоброто и нема подобри совети од неговите! (Изреки 3:5, 6; Исаија 48:17, 18).

 РАЗМИСЛИ

Како да бидеш добар сопруг, добра сопруга или добар родител?

Одговорот можеш да го најдеш во Библијата во ЕФЕШАНИТЕ 5:1, 2 и во КОЛОШАНИТЕ 3:18-21.

Нешто повеќе

КНИГИ И БРОШУРИ

Твоето семејство може да биде среќно

Ако ги применуваш библиските совети, можеш да имаш среќен брак и среќно семејство.