Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Што мислиш за иднината?

Што мислиш за иднината?

Дали условите во светот...

  • ќе останат исти?

  • ќе се влошат?

  • ќе се подобрат?

 ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

„Бог... ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка. Сѐ што беше порано, помина“ (Откровение 21:3, 4, Свето писмо — превод Нов свет).

ШТО ЌЕ ЗНАЧИ ОВА ЗА ТЕБЕ

Ќе имаш работа што ќе те исполнува (Исаија 65:21-23).

Ќе нема болести ниту страдања (Исаија 25:8; 33:24).

Ќе бидеш среќен и ќе живееш вечно со семејството и пријателите (Псалм 37:11, 29).

 МОЖЕМЕ ЛИ ДА Ѝ ВЕРУВАМЕ НА БИБЛИЈАТА?

Да, од најмалку две причини:

  • Бог може да ги исполни своите ветувања. Во Библијата само за Јехова Бог пишува дека е „Семоќен“ затоа што има неограничена моќ (Откровение 15:3). Тоа значи дека тој може да го исполни своето ветување да донесе подобра иднина. Библијата вели дека „за Бог сѐ е возможно“ (Матеј 19:26).

  • Бог сака да ги исполни своите ветувања. На пример, Јехова ‚копнее‘ да ги врати во живот луѓето што умреле (Јов 14:14, 15).

    Освен тоа, во Библијата пишува дека Исус, Божјиот син, ги лечел болните. Зошто? Затоа што сакал да го прави тоа (Марко 1:40, 41). Исто како неговиот Татко, и Исус сакал да им помага на луѓето (Јован 5:19).

    Ова нѐ уверува дека и Јехова и Исус сакаат да ни помогнат да имаме убава иднина! (Псалм 72:12-14; 145:16; 2. Петрово 3:9).

 РАЗМИСЛИ

Како Бог ќе го направи светот подобро место за живеење?

Одговорот можеш да го најдеш во Библијата во МАТЕЈ 6:9, 10 и во ДАНИЕЛ 2:44.