Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Што мислиш за Библијата?

Што мислиш за Библијата?

Дали таа е...

  • книга со човечка мудрост?

  • книга со измислени приказни?

  • книга од Бог?

 ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

„Целото Писмо е вдахновено од Бог“ (2. Тимотеј 3:16, Свето писмо — превод Нов свет).

ШТО ЌЕ ЗНАЧИ ОВА ЗА ТЕБЕ

Можеш да најдеш логични одговори на најважните животни прашања (Изреки 2:1-5).

Можеш да најдеш проверени совети за секојдневниот живот (Псалм 119:105).

Можеш да имаш вистинска надеж за иднината (Римјаните 15:4).

 МОЖЕМЕ ЛИ ДА Ѝ ВЕРУВАМЕ НА БИБЛИЈАТА?

Да, од најмалку три причини:

  • Неверојатен склад. Библијата ја пишувале околу 40 луѓе во период од 1.600 години. Повеќето од нив никогаш не се сретнале. Сепак, целата Библија е складна и има една главна тема!

  • Искрени писатели. Историчарите честопати знаат да ги прикријат поразите на својот народ. За разлика од нив, библиските писатели отворено пишувале за своите грешки и за грешките на својот народ (2. Летописи 36:15, 16; Псалм 51:1-4).

  • Точни пророштва. Библијата го прорекла уништувањето на древниот град Вавилон околу 200 години однапред (Исаија 13:17-22). Во неа не само што било проречено како ќе биде поразен Вавилон туку било кажано и името на човекот што ќе го освои (Исаија 45:1-3).

    Има и многу други библиски пророштва што се исполниле до најситен детаљ. Зарем тоа не ни покажува дека Библијата е книга од Бог? (2. Петрово 1:21).

 РАЗМИСЛИ

Како може Библијата да ти помогне да имаш подобар живот?

Одговорот можеш да го најдеш во Библијата во ИСАИЈА 48:17, 18 и во 2. ТИМОТЕЈ 3:16, 17.