Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Ќе им дојде ли крај на страдањата?

Ќе им дојде ли крај на страдањата?

Што би рекол ти...

  • да?

  • не?

  • можеби?

 ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

„Бог... ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка“ (Откровение 21:3, 4, Свето писмо — превод Нов свет).

ШТО ЌЕ ЗНАЧИ ОВА ЗА ТЕБЕ

Ќе сфатиш дека Бог не ги предизвикува нашите проблеми (Јаков 1:13).

Ќе бидеш поспокоен зашто знаеш дека на Бог му е жал кога страдаме (Захарија 2:8).

Ќе имаш надеж дека ќе им дојде крај на сите страдања (Псалм 37:9-11).

 МОЖЕМЕ ЛИ ДА Ѝ ВЕРУВАМЕ НА БИБЛИЈАТА?

Да, од најмалку две причини:

  • Бог ги мрази страдањата и неправдите. Како му било на Јехова Бог кога неговите слуги во минатото биле малтретирани? Библијата вели дека му било тешко поради ‚оние што ги угнетувале‘ (Судиите 2:18).

    Бог не ги сака оние што ги повредуваат другите. На пример, Библијата вели дека му се одвратни „раце што пролеваат невина крв“ (Изреки 6:16, 17).

  • Бог се грижи за секој од нас поединечно. Не само што секој човек ја знае „својата неволја и својата болка“ туку и Јехова ја знае! (2. Летописи 6:29, 30).

    Преку своето Царство, Јехова наскоро ќе им стави крај на страдањата на секој човек (Матеј 6:9, 10). Дотогаш, тој со љубов ќе ги теши оние што искрено го бараат (Дела 17:27; 2. Коринќаните 1:3, 4).

 РАЗМИСЛИ

Зошто Бог дозволува да има страдања?

Одговорот можеш да го најдеш во Библијата во РИМЈАНИТЕ 5:12 и во 2. ПЕТРОВО 3:9.

Нешто повеќе

ДОБРА ВЕСТ ОД БОГ!

Зошто Бог ги допушта злото и страдањата?

Како се појавило злото и зошто Бог го допушта? Ќе им дојде ли некогаш крај на страдањата?