Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Ќе има ли воскресение?

Ќе има ли воскресение?

Што би рекол ти...

  • да?

  • не?

  • можеби?

 ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

„Ќе има воскресение на мртвите“ (Дела 24:15, Превод на МПЦ).

ШТО ЌЕ ЗНАЧИ ОВА ЗА ТЕБЕ

Ќе најдеш утеха кога ќе ти почине некој близок (2. Коринќаните 1:3, 4).

Нема да се плашиш од смртта (Евреите 2:15).

Ќе имаш надеж дека повторно ќе ги видиш твоите сакани што починале (Јован 5:28, 29).

 МОЖЕМЕ ЛИ ДА Ѝ ВЕРУВАМЕ НА БИБЛИЈАТА?

Да, од најмалку три причини:

  • Бог го создал животот. Библијата го нарекува Јехова Бог „изворот на животот“ (Псалм 36:9; Дела 17:24, 25, Свето писмо — превод Нов свет). Без сомнение, оној кој им дал живот на сите може пак да им даде живот на оние што починале.

  • Бог воскреснал луѓе во минатото. Во Библијата можеме да читаме за осум луѓе што биле воскреснати на Земјата — млади, стари, мажи и жени. Некои биле починати кратко време, а еден од нив бил во гробот дури четири дена! (Јован 11:39-44).

  • Бог сака повторно да го направи тоа. Јехова ја мрази смртта. Тој ја смета за непријател (1. Коринќаните 15:26). Бог ‚копнее‘ да го победи овој непријател и преку воскресението да ја избрише смртта засекогаш. Тој сака да ги воскресне оние што се во негово сеќавање и повторно да ги види живи на Земјата (Јов 14:14, 15).

 РАЗМИСЛИ

Зошто старееме и умираме?

Одговорот можеш да го најдеш во Библијата во 1. МОЈСЕЕВА 3:17-19 и во РИМЈАНИТЕ 5:12.