Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Твоето семејство може да биде среќно

 ТЕМА 4

Како да водите сметка за парите

Како да водите сметка за парите

„Успешни замисли настануваат со советување“ (Изреки 20:18)

На сите ни се потребни пари за да го набавиме она што му е потребно на семејството (Изреки 30:8). Факт е дека „парите се заштита“ (Проповедник 7:12). Можеби нема да ви биде лесно да разговарате за нив, но не дозволувајте тие да бидат причина за проблеми во вашиот брак (Ефешаните 4:32). Мажот и жената треба да имаат доверба еден во друг и заедно да одлучуваат како ќе ги трошат парите.

 1. ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАЈТЕ

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: „Кој од вас, кога сака да гради кула, најнапред не седнува и не го пресметува трошокот за да види дали има со што да ја доврши?“ (Лука 14:28). Многу е важно заедно да испланирате како ќе ги трошите парите (Амос 3:3). Одредете што треба да купите и колку пари можете да си дозволите да потрошите (Изреки 31:16). Не значи дека мора да купите нешто само затоа што сте во можност. Трудете се да не се задолжувате. Трошете само онолку колку што имате (Изреки 21:5; 22:7).

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ:

  • Ако ви останат пари на крајот од месецот, заедно одлучете што да правите со нив.

  • Ако не ви стигаат парите, испланирајте како да ги намалите трошоците. На пример, секогаш кога е можно, купувајте по намалени цени.

 2. БИДИ ОТВОРЕН И РЕАЛЕН

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: „Сѐ да правиме чесно, не само пред Јехова туку и пред луѓето“ (2. Коринќаните 8:21). Искрено кажувај му на твојот сопружник колку заработуваш и колку трошиш.

Секогаш разговарај со сопружникот кога треба да донесеш некоја одлука поврзана со поголема сума пари (Изреки 13:10). Тоа што отворено ќе зборувате за финансиите ќе ви помогне да го зачувате мирот во бракот. На она што го заработуваш не гледај како на твои, туку како на семејни пари (1. Тимотеј 5:8).

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ:

  • Договорете се колкава сума може да потроши секој од вас без да се консултира со другиот.

  • Не чекајте да се појави некој проблем во врска со парите, па дури тогаш да зборувате на таа тема.

Нешто повеќе

ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА

Може ли Библијата да ти помогне ако имаш долгови и финансиски проблеми?

Среќата не се купува со пари, но библиските начела можат да ти помогнат исправно да ракуваш со парите.

РАЗБУДЕТЕ СЕ!

Како да трошите разумно

Не чекајте да останете без пари, па тогаш да мислите како да трошите помалку. Научете како да трошите разумно, пред ситуацијата да излезе од контрола.

СТРАЖАРСКА КУЛА

Дали да позајмам пари?

Мудрите совети од Библијата можат да ти помогнат да донесеш одлука.