Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Твоето семејство може да биде среќно

 ТЕМА 5

Добри односи со родителите

Добри односи со родителите

„Облечете се во... љубезност, понизност, благост и долготрпеливост“ (Колошаните 3:12)

Кога ќе се склопи еден брак, се формира ново семејство. Иако секогаш ќе ги сакаш и ќе ги почитуваш твоите родители, твојот сопружник сега е најважната личност за тебе. Можеби на твоите родители ќе им биде тешко да го прифатат тоа. Но, библиските совети можат да ти помогнат да најдеш златна средина — да задржиш добри односи со нив додека истовремено правиш сѐ што можеш за да си го зајакнеш бракот. Истите совети важат и за односите со сите други роднини.

 1. ИМАЈ ИСПРАВНО ГЛЕДИШТЕ КОН РОДИТЕЛИТЕ

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: „Почитувај ги татка си и мајка си“ (Ефешаните 6:2). Без оглед на твојата возраст, секогаш треба да ги почитуваш родителите. Но, имај на ум дека и твојот брачен другар мора да им посветува внимание на своите родители. „Љубовта не е завидлива“, па затоа немој да се чувствуваш загрозен ако твојот сопружник одржува добри односи со нив (1. Коринќаните 13:4; Галатите 5:26).

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ:

  • Не давај општи изјави, како на пример: „Твоите родители секогаш ме понижуваат“ или „На мајка ти никогаш не можам да ѝ погодам“.

  • Обиди се да гледаш на работите од гледна точка на твојот сопружник.

 2. БИДИ ЦВРСТ КОГА Е ПОТРЕБНО

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: „Човек ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи до својата жена, и тие двајцата ќе станат едно тело“ (1. Мојсеева 2:24). Откако ќе стапиш во брак, твоите родители можеби ќе мислат дека сѐ уште се одговорни за тебе и можеби ќе сакаат да бидат вклучени во твојот брак повеќе отколку што би требало.

Ти и твојот сопружник треба да одлучите каде ќе ја ставите границата, а потоа љубезно да им го кажете тоа. Можно е да зборувате отворено и директно без притоа да бидете груби (Изреки 15:1). Понизноста, благоста и стрпливоста ќе ви помогнат да изградите добри односи со родителите и да продолжите ‚да се поднесувате едни со други со љубов‘ (Ефешаните 4:2).

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ:

  • Ако сметаш дека родителите се премногу вклучени во вашиот живот, смирено разговарај за тоа со твојот брачен другар.

  • Договорете се како да ја решите таа ситуација.

Нешто повеќе

СТРАЖАРСКА КУЛА

Добри односи со родителите на сопружникот

Дали родителите на твојот сопружник постојано ви се мешаат во работите? Дознај како да ја подобриш ситуацијата и да имаш среќен брак.