Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Твоето семејство може да биде среќно

 ТЕМА 2

Бидете верни еден на друг

Бидете верни еден на друг

„Бог што составил, човек да не разделува“ (Марко 10:9)

Јехова рекол: „Немојте да постапувате неверно“ (Малахија 2:16). Тоа е особено важно во бракот бидејќи без верност нема доверба, а довербата е неопходна за успешен брак.

Денес, верноста во бракот е на удар. За да го зачуваш својот брак, мора да бидеш решен да правиш две работи.

 1. БРАКОТ НЕКА ТИ БИДЕ ПОВАЖЕН ОД ДРУГИТЕ РАБОТИ

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: ‚Проценете што е најважно‘ (Филипјаните 1:10). Твојот брак е една од најважните работи во твојот живот. Затоа, заслужува целосно да му се посветиш.

Јехова сака твојот сопружник да биде во центарот на твојот живот и заедно да му се радувате на животот (Проповедник 9:9). Тој јасно кажува дека никогаш не треба да го запоставуваш својот брачен другар, туку дека двајцата треба да придонесувате за вашата среќа (1. Коринќаните 10:24). Покажувај му на твојот сопружник дека ти е потребен и дека го цениш.

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ:

  • Редовно одвојувај време да бидеш со твојот сопружник и посветувај му целосно внимание.

  • Мисли на тоа дека сте двајца — „јас“ замени го со „ние“.

 2. ЧУВАЈ СИ ГО СРЦЕТО

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: „Секој што гледа во жена со страст, веќе извршил прељуба со неа во своето срце“ (Матеј 5:28). Ако некој размислува за неморални работи, во извесна смисла му е неверен на својот брачен другар.

Јехова вели дека треба да си го ‚чуваш срцето‘ (Изреки 4:23; Еремија 17:9). За да успееш во тоа, мора да внимаваш што гледаш (Матеј 5:29, 30). Следи го примерот на верниот Јов од минатото, кој цврсто решил да не гледа во друга жена со неисправни желби (Јов 31:1). И ти цврсто одлучи никогаш да не гледаш порнографија. Исто така, не дозволувај да ти се јават романтични чувства кон некоја друга личност.

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ:

  • На другите јасно стави им до знаење дека си му верен на твојот брачен другар.

  • Мисли на чувствата на твојот сопружник и веднаш прекини секакво блиско пријателство на кое твојот сопружник има приговор.