Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Што навистина учи Библијата?

 ДОДАТОК

Треба ли да славиме празници?

Треба ли да славиме празници?

ПОПУЛАРНИТЕ верски и државни празници што се слават денес во многу делови од светот не се темелат на Библијата. Тогаш, од каде потекнуваат овие прослави? Ако можеш да истражуваш во некоја библиотека, ќе биде интересно да видиш што велат разни книги во врска со празниците што вообичаено се слават во твоето место. Да разгледаме неколку примери.

Велигден. „Ништо во Новиот завет не укажува дека се славел Велигден“ (The Encyclopædia Britannica). Како почнал да се слави Велигден? Тој има корени во паганските религии. Иако со Велигден наводно се слави воскресението на Исус, обичаите што се поврзани со овој празник не се христијански. На пример, во една енциклопедија стои: „Велигден води потекло од големиот број пагански обичаи со кои се славело враќањето на пролетта. Јајцето е симбол на раѓањето на животот во рана пролет“ (The Catholic Encyclopedia).

Нова година. Датумот и обичаите поврзани со новогодишните прослави се разликуваат од земја до земја. Во врска со потеклото на овој празник се вели: „Во 46 год. пр.н.е., римскиот владетел Јулиј Цезар го одредил 1 јануари за почеток на новата година. Римјаните му го посветиле овој ден на Јанус, богот на капиите, вратите и почетоците. Месецот јануари го добил името по Јанус, кој имал две лица — едно што било свртено напред и едно што било свртено назад“ (The World Book Encyclopedia). Значи, новогодишните прослави имаат корени во паганските традиции.

Други празници. Не можеме да се задржиме на сите празници што се празнуваат во светот. Меѓутоа, празниците што воздигнуваат луѓе или човечки организации не се прифатливи за Јехова (Еремија 17:5-7; Дела 10:25, 26). Исто така, не заборавај дека потеклото на верските празници влијае врз тоа дали ќе бидат прифатливи за Бог или не (Исаија 52:11; Откровение 18:4). Библиските начела што се спомнати во шеснаесеттото поглавје од оваа книга ќе ти помогнат да утврдиш како гледа Бог на славењето празници што не се од религиозен карактер.