Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Што навистина учи Библијата?

 ДОДАТОК

Кој е „Големиот Вавилон“?

Кој е „Големиот Вавилон“?

КНИГАТА Откровение содржи изрази што не треба да се сфатат дословно (Откровение 1:1). На пример, во неа се спомнува една жена, блудница, на чие чело е запишано името „Големиот Вавилон“. За оваа жена се вели дека седи на „мноштва и народи“ (Откровение 17:1, 5, 15). Бидејќи  ниту една дословна жена не може да направи такво нешто, Големиот Вавилон мора да има симболично значење. Тогаш, што претставува оваа симболична блудница?

Во Откровение 17:18, истата симболична жена е опишана како „големиот град, кој царува над земните цареви“. Зборот „град“ покажува дека се работи за една организирана група луѓе. Бидејќи овој ,голем град‘ има власт над „земните цареви“, жената по име Големиот Вавилон мора да биде некоја влијателна организација од меѓународен карактер. Таа со право може да се нарече светско царство. Какво царство? Религиозно. Забележи како некои поврзани стихови од книгата Откровение нѐ водат до тој заклучок.

Едно царство може да биде политичко, трговско или религиозно. Жената наречена Големиот Вавилон не е политичко царство затоа што Божјата Реч вели дека „земните цареви“, односно политичките елементи на овој свет, ,блудствуваат‘ со неа. Таа врши блуд на тој начин што склучува сојузи со владетелите на овој свет и прави сѐ што е потребно за да стекне моќ и да има влијание врз нив. Затоа е наречена „големата блудница“ (Откровение 17:1, 2; Јаков 4:4).

Големиот Вавилон не може да биде ни трговско царство затоа што „трговците на земјата“, кои ги претставуваат трговските елементи, ќе го оплакуваат кога ќе биде уништен. Всушност, и за царевите и за трговците се вели дека го гледаат Големиот Вавилон од „растојание“ (Откровение 18:3, 9, 10, 15-17). Според тоа, разумно е да се заклучи дека Големиот Вавилон не е ниту политичко ниту трговско, туку религиозно царство.

Тој заклучок го потврдува и изјавата дека Големиот Вавилон ги заведува сите народи со своите „гатања“ (Откровение 18:23). Бидејќи сите облици на спиритизам се поврзани со религијата и зад нив стојат демоните, не изненадува тоа што Библијата го нарекува Големиот Вавилон „живеалиште на демони“ (Откровение 18:2; 5. Мојсеева 18:10-12). За ова царство е речено и дека активно се противи на вистинската религија со тоа што ги прогонува  ,пророците‘ и ,светите‘ (Откровение 18:24). Всушност, Големиот Вавилон толку многу ја мрази вистинската религија што жестоко ги прогонува, па дури и ги убива „Исусовите сведоци“ (Откровение 17:6). Значи, јасно е дека оваа жена, наречена Големиот Вавилон, го претставува светското царство на лажната религија, кое ги опфаќа сите религии што му се спротивставуваат на Јехова Бог.