Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Што навистина учи Библијата?

 ДОДАТОК

Дали Исус бил роден во зима?

Дали Исус бил роден во зима?

БИБЛИЈАТА не ни кажува кога се родил Исус. Меѓутоа, ни дава добра причина да заклучиме дека не се родил во зима.

Да размислиме малку какви биле временските услови во тоа време од годината во Витлеем, местото каде што се родил Исус. Еврејскиот месец кислев (кој одговара на ноември/декември) бил студен и дождлив месец. По него  доаѓал месецот тевет (декември/јануари). Тогаш имало најниски температури во годината, а на повисоките места понекогаш паѓал и снег. Да видиме што ни кажува Библијата за климата во тој крај.

Библискиот писател Езра потврдува дека месецот кислев навистина бил познат по студеното и дождливо време. Откако вели дека во Ерусалим се собрало мноштво „во деветтиот месец [кислев], во дваесеттиот ден од тој месец“, Езра известува дека луѓето ,се треселе од дождот‘. Во врска со временските услови во тоа време од годината, самите луѓе што биле собрани рекле: „Сега времето е дождливо и не се стои надвор“ (Езра 10:9, 13; Еремија 36:22). Не е никакво чудо што овчарите кои живееле во тој дел од светот воделе сметка тие и нивните стада да не се најдат надвор ноќе кога ќе фатела зима!

Меѓутоа, Библијата ни кажува дека овчарите биле на отворено и ги чувале своите стада ноќта кога се родил Исус. Всушност, библискиот писател Лука покажува дека во тоа време овчарите ,живееле надвор и чувале ноќна стража над своите стада‘ близу до Витлеем (Лука 2:8-12). Забележи дека овчарите живееле надвор, а не излегувале надвор само преку ден. Нивните стада биле на отворено ноќе. Дали е можно да престојувале под ведро небо на едно такво студено и дождливо време кое преовладува во текот на зимата во Витлеем? Не. Значи, околностите поврзани со раѓањето на Исус покажуваат дека тој не се родил во зима. *

Божјата Реч ни кажува кога точно умрел Исус, но не дава многу детали за тоа кога бил роден. Ова нѐ потсетува на зборовите на цар Соломон: „Подобро е добро име отколку добро масло, и смртниот ден е подобар од денот на раѓањето“ (Проповедник 7:1). Затоа, не изненадува тоа што Библијата дава многу поединости за службата и за смртта на Исус, но кажува малку за времето на неговото раѓање.

Кога се родил Исус, пастирите и нивните стада биле на отворено ноќе

^ пас. 2 За повеќе информации, види страници 292-296 во книгата Резоновање на темељу Светог писма, издадена од Јеховините сведоци.