Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Што навистина учи Библијата?

Овој прирачник за проучување на Библијата ќе ти помогне да дознаеш што вели Божјата Реч за различни теми, како што се: зошто страдаме, што се случува кога човек ќе умре, како да имаме среќен семеен живот, итн.

Дали Бог имал намера да биде вака?

Можеби се прашуваш зошто денес има толку многу проблеми. Дали си знаел дека Библијата кажува дека наскоро ќе има една огромна промена, и дека и ти ќе можеш да извлечеш корист од неа?

ПОГЛАВЈЕ 1

Која е вистината за Бог?

Што мислиш, дали Бог се грижи за тебе лично? Дознај нешто повеќе за неговите особини и за тоа како можеш да се зближиш со него.

ПОГЛАВЈЕ 2

Библијата — книга од Бог

Како може Библијата да ти помогне да ги решиш проблемите? Зошто можеш да имаш доверба во пророштвата што се запишани во неа?

ПОГЛАВЈЕ 3

Каква е Божјата намера со Земјата?

Дали некогаш ќе се исполни Божјата намера да има рај на Земјата? Ако да, кога?

ПОГЛАВЈЕ 4

Кој е Исус Христос?

Зошто можеш да бидеш уверен дека Исус е ветениот Месија? Од каде дошол? Зошто Библијата вели дека тој е Божји единороден Син?

ПОГЛАВЈЕ 5

Откупнината — најголемиот дар од Бог

Што е откупнината? Од какво значење е таа за тебе?

ПОГЛАВЈЕ 6

Каде се мртвите?

Дознај што вели Библијата за тоа каде се мртвите и зошто луѓето умираат.

ПОГЛАВЈЕ 7

Вистинска надеж за твоите најмили што умреле

Дали ти починал некој од најмилите? Дали е можно да го видиш пак? Дознај што вели Библијата за воскресението.

ПОГЛАВЈЕ 8

Што е Божјето Царство?

Многу луѓе ја знаат молитвата Оченаш. Што значи изразот: „Да дојде царството твое“?

ПОГЛАВЈЕ 9

Дали живееме во „последните денови“?

Дознај зошто постапките и ставовите на луѓето околу нас се доказ дека сега живееме во „последните денови“ кои се проречени во Библијата.

ПОГЛАВЈЕ 10

Духовни суштества — како влијаат врз нас

Библијата зборува за ангели и демони. Дали овие духовни суштества навистина постојат? Можат ли да влијаат врз твојот живот?

ПОГЛАВЈЕ 11

Зошто Бог ги допушта страдањата?

Многумина мислат дека Бог е виновен за сите страдања во светот. Што мислиш ти? Дознај што вели Бог за тоа кои се вистинските причини за страдањата.

ПОГЛАВЈЕ 12

Радувај го Бог со својот живот

Можно е да го радуваме Јехова со својот живот. Всушност, ти можеш да станеш негов пријател.

ПОГЛАВЈЕ 13

Божјето гледиште за животот

Како гледа Бог на абортусот, на трансфузијата на крв и на животот на животните?

ПОГЛАВЈЕ 14

Како можеш да имаш среќен семеен живот

Со љубовта што ја покажувал, Исус им дал пример на мажите, жените, родителите и децата. Што може да научиме од него?

ПОГЛАВЈЕ 15

Религија што ја одобрува Бог

Разгледај шест обележја на вистинската религија

ПОГЛАВЈЕ 16

Обожавај го Бог на исправен начин

На какви проблеми можеш да наидеш додека ги споделуваш своите верувања со другите? Како би можел да им сведочиш без да ги навредиш?

ПОГЛАВЈЕ 17

Зближи се со Бог преку молитва

Дали Бог слуша кога му се молиш? За да го дознаеш одговорот на ова прашање, треба да знаеш што кажува Библијата за молитвата.

ПОГЛАВЈЕ 18

Крштавањето и твојот однос со Бог

Кои чекори водат до христијанско крштавање? Дознај што симболизира тоа и како треба да се извршува.

ПОГЛАВЈЕ 19

Зачувај ја Божјата љубов

Како можеме да покажеме љубов и благодарност кон Бог за сето она што тој го прави?

ДОДАТОК

Значењето и употребата на Божјето име

Божјето име било извадено од многу преводи на Библијата. Зошто? Дали е важно да се користи Божјето име?

ДОДАТОК

Како пророштвото на Даниел го претскажува доаѓањето на Месијата

Повеќе од 500 години однапред, Бог открил кога точно требало да дојде Месијата. Дознај нешто повеќе за ова извонредно пророштво!

ДОДАТОК

Исус Христос — ветениот Месија

Сите библиски пророштва за Месијата се исполниле на Исус. Во твојата Библија можеш да провериш дека овие пророштва се исполниле до најситен детаљ.

ДОДАТОК

Вистината за Таткото, Синот и светиот дух

Многу луѓе мислат дека учењето за тројство се темели на Библијата. Дали е навистина така?

ДОДАТОК

Зошто вистинските христијани не користат крст за да го обожаваат Бог

Дали Исус навистина умрел на крст? Дознај што вели самата Библија за тоа.

ДОДАТОК

Господаровата вечера — прослава со која му се оддава чест на Бог

На христијаните им е заповедано да ја одбележуваат Спомен-свеченоста по повод Христовата смрт. Кога и како треба да се прави тоа?

ДОДАТОК

„Душа“ и „дух“ — кое е точното значење на овие зборови?

Многумина мислат дека при смртта некој невидлив дел од човекот излегува од телото и продолжува да живее. Што ни кажува Библијата во врска со тоа?

ДОДАТОК

Што се шеолот и адот?

Во некои преводи на Библијата, зборовите шеол и ад се преведени со „гроб“ или „пекол“. Што навистина значат овие зборови?

ДОДАТОК

Што е Судниот ден?

Дознај на кој начин Судниот ден ќе претставува благослов за сите верни луѓе.

ДОДАТОК

1914 — значајна година во библиските пророштва

Кои библиски докази потврдуваат дека 1914 е значајна година?

ДОДАТОК

Кој е архангелот Михаел?

Библијата ни открива кој е овој моќен архангел. Дознај нешто повеќе за него и за она што го прави сега.

ДОДАТОК

Кој е „Големиот Вавилон“?

Книгата Откровение зборува за една жена наречена „Големиот Вавилон“. Дали се работи за дословна жена? Што вели Библијата за неа?

ДОДАТОК

Дали Исус бил роден во зима?

Дознај какви се временските услови во периодот од годината кога се родил Исус. Што ни открива тоа?

ДОДАТОК

Треба ли да славиме празници?

Од каде потекнуваат многу од празниците кои се слават во твоето место? Одговорот може да те изненади.