Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Младите прашуваат — 10 практични одговори

 ПРАШАЊЕ 7

Што да правам ако некој ме наговара на секс?

Што да правам ако некој ме наговара на секс?

ЗОШТО Е ВАЖНО ДА ГО ЗНАЕШ ТОА

Одлуките што ги носиш во врска со сексуалните односи додека си млад ќе влијаат врз целиот твој живот.

ШТО БИ НАПРАВИЛА ТИ?

Замисли си ја следнава ситуација: Симона излегува со Мартин само два месеца, но има чувство како да го знае цел живот. Нон-стоп си праќаат пораки, со часови разговараат по телефон и просто си ги читаат мислите еден на друг! Но, сега, Мартин сака нешто повеќе од разговор.

Досега, нивната врска не отиде подалеку од држење за рака и по некој краток бакнеж. Симона би сакала да останат на тоа. Ама, не сака да го изгуби Мартин. Само тој прави таа да се чувствува толку убава, толку посебна. „Освен тоа“, си вели таа, „ние се сакаме...“

Што би направила * ти доколку си доволно возрасна за врска и си на местото на Симона?

ЗАСТАНИ И РАЗМИСЛИ!

Сексуалните односи се дар од Бог само за оние што се во брак. Предбрачниот секс е злоупотреба на тој дар. Тоа е исто како една убава блуза што си ја добил како подарок да ја користиш како крпа за чистење

Ако игнорираш некој физички закон, на пример, законот за гравитација, ќе ги трпиш последиците. Истото важи и ако игнорираш некој морален закон, на пример, законот да се воздржуваме од предбрачен секс (1. Солуњаните 4:3).

Какви ќе бидат последиците ако не ја почитуваме заповедта да се воздржуваме од предбрачен секс? Библијата вели: „Кој прави блуд, греши против своето сопствено тело“ (1. Коринќаните 6:18). Во која смисла?

 Според истражувачите, многу млади кои имале предбрачен секс се соочуваат со една или повеќе од следниве последици:

  • КАЕЊЕ. Голем број од младите кои имале сексуални односи пред брак велат дека подоцна се каеле поради тоа.

  • НЕДОВЕРБА. Откако ќе имаат секс, и момчето и девојката почнуваат да се прашуваат: „Со кого друг спиел/а?“

  • РАЗОЧАРУВАЊЕ. Длабоко во себе, многу девојки повеќе сакаат некој што ќе ги штити, а не некој што ќе ги искористува. Од друга страна, откако ќе спијат со некоја девојка, повеќето момчиња обично губат интерес за неа.

  • Заклучок: Ако имаш сексуални односи пред брак, се понижуваш себеси со тоа што се откажуваш од нешто скапоцено (Римјаните 1:24). Твоето тело е премногу вредно за да го дадеш така лесно.

Покажи дека имаш цврст карактер со тоа што ќе бидеш послушна на Божјата заповед да се воздржуваш од блуд (1. Солуњаните 4:3). Ако еден ден стапиш во брак, ќе можеш да имаш сексуални односи. А ќе можеш и потполно да уживаш во нив — без грижите, каењето и чувството на безвредност кои честопати одат рака под рака со предбрачниот секс (Изреки 7:22, 23; 1. Коринќаните 7:3).

 ШТО МИСЛИШ?

  • Дали некој што навистина те сака би ги загрозил твоето физичко и емоционално здравје?

  • Дали некој кому навистина му значиш ќе те наведува да направиш нешто со што ќе го нарушиш твоето пријателство со Бог? (Евреите 13:4).

^ пас. 8 Во оваа статија ќе користиме женски род, но советите важат и за девојките и за момчињата.