Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Младите прашуваат — 10 практични одговори

 ПРАШАЊЕ 5

Што да правам ако ме малтретираат на училиште?

Што да правам ако ме малтретираат на училиште?

ЗОШТО Е ВАЖНО ДА ГО ЗНАЕШ ТОА

Начинот на кој реагираш може да ги смени работите на подобро или на полошо.

ШТО БИ НАПРАВИЛ ТИ?

Замисли си ја следнава ситуација: На Петар повеќе не му се оди на училиште. Сѐ започна пред три месеци кога неговите соученици пуштија лоши муабети за него. Потоа почнаа да му измислуваат различни прекари. Понекогаш, се случуваше некој да му ги турне книгите од рацете и да се преправа дека било случајно. Другпат, зад него ќе се собереше цела група и еден од групата ќе го турнеше, а кога Петар ќе се свртеше, не знаеше кој го турнал. Вчера, работите уште повеќе се влошија. Петар доби закана преку Интернет...

Што би направил ти да беше на местото на Петар?

ЗАСТАНИ И РАЗМИСЛИ!

Можеби на прв поглед ти се чини дека не можеш да направиш ништо. Но, всушност, можеш да ги победиш насилниците без тупаници. Како?

  •   НЕ ПАЃАЈ НА ПРОВОКАЦИЈА. Библијата вели: „Безумникот го излева сиот свој гнев, а оној што е мудар, останува мирен до крајот“ (Изреки 29:11). Ако останеш колку што е можно посмирен, барем однадвор, оние што те малтретираат можеби ќе те остават на мира.

  • НЕ ВРАЌАЈ МИЛО ЗА ДРАГО. Во Библијата пишува: „Никому не враќајте зло за зло“ (Римјаните 12:17). Ако гледаш да се одмаздиш, тоа само ќе ги влоши работите.

  • БИДИ ПРЕТПАЗЛИВ. Библијата вели: „Паметниот човек го гледа злото и се трга“ (Изреки 22:3). Колку што можеш избегнувај ги оние што прават проблеми и ситуациите во кои би можел да станеш нивна жртва.

  • ИЗНЕНАДИ ГИ СО ТВОЈАТА РЕАКЦИЈА. Во Библијата стои: „Благиот одговор го смирува гневот“ (Изреки 15:1). Би можел дури да ја свртиш работата на шега. На пример, ако некој те задева заради твојата тежина, можеш да се пошегуваш и да речеш: „Од вишок глава не боли“ или „Абе блузата ми се смалила со перење“.

  • ЗАМИНИ СИ. „Со тоа што ќе си заминеш без збор, ќе покажеш дека си зрел и посилен од оној што те малтретира“, вели Нора (19). „Така ќе покажеш дека имаш нешто што насилникот го нема — самоконтрола“ (2. Тимотеј 2:24).

  • СТЕКНИ ПОГОЛЕМА САМОДОВЕРБА. Насилниците обично можат да забележат кој има ниска самодоверба и кој најверојатно нема да им возврати. Од друга страна, повеќето насилници ќе се повлечат ако видат дека не се плашиш од нив и дека не им дозволуваш да те малтретираат.

  • КАЖИ НЕКОМУ. Една поранешна наставничка вели: „Им препорачувам на сите што се соочуваат со ваков проблем да не молчат туку отворено да кажат што им се случува. Со тоа можат да спречат некој друг да биде малтретиран“.

Самодовербата ќе ти ја даде силата што насилникот ја нема