Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Младите прашуваат — 10 практични одговори

 ПРАШАЊЕ 10

Како може да ми помогне Библијата?

Како може да ми помогне Библијата?

ЗОШТО Е ВАЖНО ДА ГО ЗНАЕШ ТОА

Во Библијата пишува: „Целото Писмо е вдахновено од Бог“ (2. Тимотеј 3:16). Ако ова е точно, тогаш Библијата може да ти го покаже исправниот правец во животот.

ШТО БИ НАПРАВИЛ ТИ?

Замисли си ја следнава ситуација: Давид со својата кола поминува низ еден непознат предел. Од знаците на патот и од изгледот на околината заклучува дека не е таму каде што требаше да биде досега. Давид сфаќа дека се изгубил. Сигурно во еден момент тргнал во погрешен правец.

Што би направил ти доколку си на местото на Давид?

ЗАСТАНИ И РАЗМИСЛИ!

Имаш неколку опции:

  1. Да прашаш некого.

  2. Да отвориш карта или да користиш уред за навигација.

  3. Да продолжиш да возиш надевајќи се дека некако ќе се снајдеш.

Јасно е дека опцијата под В е најлоша.

Опцијата под Б е најдобра бидејќи картата или уредот за навигација може да ти го покажува правецот во текот на целото патување.

Библијата може да ти помогне на сличен начин.

Оваа најпродавана и најчитана книга на сите времиња може...

  • да ти даде совети за да се справиш со проблемите во животот

  • да ти помогне да се запознаеш себеси и да станеш подобра личност

  • да ти покаже кој е најдобриот начин на живот

 ОДГОВОР НА НАЈВАЖНИТЕ ЖИВОТНИ ПРАШАЊА

Штом ќе научиме да зборуваме, почнуваме да поставуваме прашања.

  • Зошто небото е сино?

  • Зошто ѕвездите светат?

По некое време, почнуваме да поставуваме прашања за она што се случува околу нас.

Можно ли е одговорите на овие прашања да се наоѓаат во Библијата?

Многу луѓе велат дека Библијата е книга со бајки и прикаски, дека е застарена, изменета или дека е тешко да се разбере. Но, дали проблемот е во Библијата или во тоа што многумина мислат дека го пишува во неа? Можно ли е да имаат погрешни информации?

На пример, луѓето мислат дека во Библијата пишува дека Бог владее со светот. Но, дали тоа е логично? Светот е во хаос. Насекаде има само болки и страдања, болести и смрт, сиромаштија и катастрофи. Зарем е можно еден сочувствителен Бог да е одговорен за сето тоа?

Дали би сакал да го дознаеш одговорот? Можеби ќе се изненадиш кога ќе дознаеш што вели Библијата за тоа кој навистина владее со светот.

Сигурно забележа дека советите запишани во оваа брошура се темелат на Библијата. Јеховините сведоци се уверени дека Библијата може многу да ни помогне во животот. Зошто? Затоа што таа е напишана под водство на Божјиот свет дух и корисна е за поучување, укорување и поправање (2. Тимотеј 3:16, 17). За твое добро е да ја истражиш оваа древна, а сепак современа книга!

Нешто повеќе

СТРАЖАРСКА КУЛА

Зошто да ја проучуваш Библијата?

Некои луѓе велат: „Немам време“ или „Не сакам обврски“. Дали и ти си го мислиш истото?

БИБЛИСКИ КУРС

Како би можел да ја проучуваш Библијата?

Јеховините сведоци низ целиот свет бесплатно ги поучуваат луѓето за Библијата. Гледај го клипот за да дознаеш како изгледа тоа.