Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Поучете ги своите деца

 ТЕМА 11

Тие пишувале за Исус

Тие пишувале за Исус

Ги гледаш ли луѓето на сликата?— Тоа се Матеј, Марко, Лука, Јован, Петар, Јаков, Јуда и Павле. Тие живееле во исто време со Исус и пишувале за него. Ајде да научиме нешто повеќе за нив.

Што знаеш за овие луѓе?

Тројца од нив биле апостоли. Тие проповедале заедно со Исус. Тоа значи дека им кажувале на луѓето за Јехова. Знаеш ли кои се тие тројца?— Матеј, Јован и Петар. Апостолите Матеј и Јован многу  добро го познавале Исус и напишале по една книга за неговиот живот. Апостол Јован напишал и една друга книга што се вика Откровение, а напишал и три писма: Прво Јованово, Второ Јованово и Трето Јованово. Апостол Петар напишал две писма кои се дел од Библијата. Тие се викаат Прво Петрово и Второ Петрово. Во второто писмо, Петар пишувал за времето кога Јехова прозборел од небото и рекол за Исус: ‚Ова е мојот син. Го сакам и се гордеам со него‘.

И другите луѓе што ги гледаш на сликата напишале книги од кои учиме за Исус. Еден од нив е Марко. Тој изгледа видел сѐ што се случило кога војниците го фатиле Исус. Друг е Лука. Тој бил доктор, а изгледа станал христијанин откако умрел Исус.

На сликата се и двајца помали браќа на Исус. И тие напишале книги што сега се во Библијата. Знаеш ли како се викаат?— Се викаат Јаков и Јуда. Тие прво не верувале дека Бог го испратил Исус. Дури мислеле дека малку се мрднал од умот. Но, подоцна поверувале во Исус и станале христијани.

Од луѓето што ги гледаш на сликата ни остана уште Павле. Пред да стане христијанин, Павле се викал Савле. Тој ги мразел христијаните и бил многу лош со нив. Знаеш ли зошто Павле подоцна станал христијанин?— Еден ден, Павле бил на пат и наеднаш чул како некој му зборува од небото. Тоа бил Исус! Тој го прашал Павле: ‚Зошто си толку лош со оние што веруваат во мене?‘ После ова, Павле почнал да верува во Исус и станал христијанин. Павле напишал 14 книги од Библијата, почнувајќи од Римјаните па сѐ до Евреите.

Ние ја читаме Библијата секој ден. Така учиме многу работи за Исус. Сакаш ли да научиш повеќе за него?—