Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Поучете ги своите деца

 ТЕМА 1

Една интересна тајна

Една интересна тајна

Знаеш ли што е тајна?— * Тоа е нешто што некој ти го кажал само тебе и на никој друг. Во Библијата пишува за една голема тајна. Таа е наречена света тајна. Се вика света затоа што е од Бог. А наречена е тајна затоа што луѓето долго време не ја знаеле. Дури и ангелите сакале да дознаат нешто повеќе за неа. Сакаш ли да ја дознаеш оваа тајна?—

Што сакале да дознаат ангелите?

Многу, многу одамна, Бог ги создал првите луѓе. Тие се викале Адам и Ева. Бог им дал многу убав дом. Тоа била градината Еден. Ако Адам и Ева го слушале Бог, тие и нивните деца ќе можеле целата Земја да ја направат рај, исто како таа градина. И не само тоа — ќе можеле да живеат во Рајот засекогаш! Ама, ти текнува ли што направиле Адам и Ева?—

Адам и Ева не го слушале Бог и затоа ние денес не живееме во рај. Но, Бог рекол дека тој ќе ја направи целата Земја убава и дека сите луѓе ќе бидат среќни и ќе живеат засекогаш. Како ќе го направи тоа? Луѓето долго време не знаеле. Тоа било тајна.

Кога Исус дошол на Земјата, тој им кажал на луѓето нешто повеќе за оваа тајна. Тој им зборувал за Божјето Царство. Им рекол да се молат тоа Царство да дојде. Зошто? Затоа што Царството ќе ја претвори целата Земја во прекрасен рај.

И сега, се радуваш ли што ја дозна оваа тајна?— Но, запамти дека само оние што го слушаат Јехова ќе живеат во Рајот. Во Библијата има приказни за многу мажи и жени што го слушале Јехова. Сакаш ли да дознаеш нешто повеќе за нив?— Ајде да се запознаеме со некои од нив и да видиме како можеме и ние да бидеме како нив.

^ пас. 3 Во овие приказни, по некои прашања ќе видиш ваков знак (—). Тоа значи дека треба да го оставиш детето да одговори на прашањето.