Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Поучете ги своите деца

 ТЕМА 5

Самоил го правел она што е добро

Самоил го правел она што е добро

Самоил уште од мал живеел и служел во светиот шатор. Тоа било место каде што луѓето оделе да му дадат жртви на Јехова. Знаеш ли зошто Самоил служел таму? Ајде прво да дознаеме нешто за неговата мајка која се викала Ана.

Ана долго време сакала да има бебе, но не можела да роди. Затоа многу го молела Јехова да ѝ помогне. Му ветила дека, ако ѝ даде син, ќе го прати да живее и да служи во светиот шатор. Јехова ѝ ја исполнил молитвата, и таа родила син. Му дала име Самоил. Кога Самоил имал три или четири години, Ана го одвела во светиот шатор за да му служи на Бог. Така го исполнила она што му го ветила на Јехова.

Илиј бил првосвештеник во светиот шатор. И двата сина на Илиј служеле во светиот шатор како свештеници. Како што веќе читавме, светиот шатор бил место каде што луѓето го славеле Бог, а на такво место треба да се прават добри работи. Но, синовите на Илиј правеле многу лоши работи. Самоил го гледал тоа. Дали и тој правел лоши работи како нив?— Тој го правел она што е добро, како што го научиле мајка му и татко му.

Што мислиш, како требало Илиј да постапи со своите синови?— Требало да ги казни. Не требало да им дозволи и понатаму да служат во Божјиот дом. Но, Илиј не го направил тоа. Затоа Јехова им се налутил и нему и на неговите синови. Јехова решил да ги казни.

Самоил му кажал на Илиј што му рекол Јехова

Една вечер, додека Самоил спиел, чул како некој го вика: ‚Самоил!‘ Самоил отрчал кај Илиј, но тој му рекол: ‚Не те викав јас‘. Уште двапати се случило истото. По третиот пат, Илиј му рекол на Самоил ако пак го чуе гласот, да рече: ‚Зборувај, Јехова. Те слушам‘. Самоил така и направил. Тогаш Јехова му рекол: ‚Кажи му на  Илиј дека ќе ги казнам него и неговото семејство затоа што прават лоши работи‘. Што мислиш, дали му било лесно на Самоил да му го каже тоа на Илиј?— Сигурно не му било лесно. Ама и покрај тоа што бил исплашен, Самоил направил како што му рекол Јехова. Потоа се случило токму тоа што го кажал Јехова. Двата сина на Илиј биле убиени, а умрел и Илиј.

Можеме многу да научиме од Самоил. Тој го правел она што е добро дури и кога гледал дека другите луѓе прават лоши работи. А ти? Дали сакаш да бидеш како него и да правиш добри работи? Ако правиш така, ќе ги радуваш и Јехова и мама и тато.

ПРОЧИТАЈ ВО БИБЛИЈАТА: