Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Поучете ги своите деца

 ТЕМА 2

Ревека го радувала Јехова

Ревека го радувала Јехова

Ревека многу го сакала Јехова. И нејзиниот маж го сакал Јехова. Тој се викал Исак. Но, како се запознале Ревека и Исак? Како покажала таа дека сака да го радува Јехова? Ајде да видиме.

Татко му и мајка му на Исак се викале Авраам и Сара. Тие живееле во една земја што се викала Ханаан. Таму луѓето не го слушале Јехова. Ама, Авраам сакал неговиот син да се ожени со девојка што го слуша Јехова. Затоа, го испратил својот слуга Елиезер да му најде жена на Исак. Елиезер отишол во Харан, место каде што живееле некои роднини на Авраам.

Ревека била многу вредна девојка

Елиезер тргнал на пат заедно со уште некои слуги на Авраам. Бидејќи патувањето било многу долго, понеле и десет камили на кои имало натоварено храна и подароци. Но, како ќе знаел Елиезер која девојка да ја одбере за Исак? Конечно Елиезер и другите слуги стигнале во Харан. Тогаш застанале покрај еден бунар зашто Елиезер знаел дека наскоро луѓето ќе дојдат да наполнат вода. Тој му се молел на Јехова и му рекол: ‚Ако на некоја девојка ѝ побарам вода, а таа донесе и за мене и за моите камили, ќе знам дека неа си ја избрал за Исак‘.

Тогаш на бунарот дошла Ревека. Библијата кажува дека таа била многу убава. Елиезер ја замолил да му даде  вода, а таа рекла: ‚Повели, напиј се. Еве, и на твоите камили ќе им дадам да пијат‘. Знаеш ли колку работа било тоа? Кога се жедни, камилите можат да испијат многу вода. Тоа значи дека Ревека морала многу пати да отрча до бунарот и да нацрпи вода. Што прави Ревека на сликата?— Елиезер бил многу радосен што Јехова му одговорил на молитвата.

Елиезер ѝ дал многу убави подароци на Ревека. Таа ги поканила дома него и другите слуги. Кога стигнале таму, Елиезер раскажал зошто Авраам го испратил во Харан и како Јехова му одговорил на молитвата. Семејството на Ревека се согласило таа да се омажи за Исак.

Ревека отишла со Елиезер во Ханаан и се омажила со Исак

Но, што мислиш, дали Ревека сакала да се омажи за Исак?— Ревека знаела дека Јехова го водел Елиезер. Затоа, кога нејзините ја прашале дали сака да оди во Ханаан и да се омажи за Исак, таа рекла: ‚Да, сакам‘. Веднаш тргнала на пат со Елиезер. Кога пристигнале во Ханаан, се омажила за Исак.

Ревека го направила она што Јехова го побарал од неа. Затоа тој ја наградил. Исус, кој се родил многу години подоцна, потекнувал од нејзиното семејство. Ако си и ти како неа и го радуваш Јехова, тој ќе те награди и тебе.

ПРОЧИТАЈ ВО БИБЛИЈАТА: