Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Поучете ги своите деца

 ТЕМА 4

Таа ги израдувала Јехова и татко ѝ

Таа ги израдувала Јехова и татко ѝ

Што му ветил Јефтај на Јехова?

Иако не ѝ било лесно, ќерката на Јефтај го исполнила ветувањето на татко ѝ

Ги гледаш ли човекот и девојчето на сликата?— Тоа се Јефтај и неговата ќерка. Библијата не кажува како се викала, но знаеме дека ги израдувала и Јехова и татко ѝ. Ајде да дознаеме нешто за неа и за Јефтај.

Јефтај бил добар човек. Тој многу ѝ раскажувал за Јехова на својата ќерка. Исто така, Јефтај бил силен и храбар јунак. Затоа, Израелците побарале од него да ги води во војна против непријателите.

Јефтај го молел Бог да му помогне да победат. Му ветил на Јехова дека, ако победи, ќе му го даде оној што прв ќе излезе да го пречека од неговиот дом. Тој што ќе излезел прв ќе требало да живее и да служи во Божјиот  свет шатор до крајот на животот. Во тоа време, светиот шатор бил местото каде што луѓето оделе да му дадат жртви на Бог. Како завршила битката? Јефтај победил! А знаеш ли кој излегол прв од неговата куќа кога се вратил дома?—

Да, прва излегла ќерка му! Таа му била единствено дете, а сега требало да си замине од дома. Ова многу го растажило Јефтај. Ама, ветување си е ветување. Затоа ќерка му му рекла: ‚Тато, мора да го исполниш тоа што си му го ветил на Јехова‘.

Секоја година, пријателките на ќерката на Јефтај оделе да ја видат

И ќерката на Јефтај била тажна. Знаела дека, кога ќе служи во светиот шатор, не ќе може да се омажи и да има деца. Но, многу сакала да го исполни ветувањето на татко ѝ и да го израдува Јехова. Тоа ѝ било многу поважно отколку да се омажи и да има деца. Затоа, си заминала од дома и живеела во светиот шатор до крајот на својот живот.

Што мислиш, дали со тоа ги израдувала Јехова и татко ѝ?— Да, ги израдувала! И ти можеш да бидеш како ќерката на Јефтај ако си послушен и ако го сакаш Јехова. Со тоа ќе ги радуваш и Јехова и мама и тато.