Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Поучете ги своите деца

 ТЕМА 8

Јосија имал добри пријатели

Јосија имал добри пријатели

Што мислиш, лесно ли е да го правиш она што е добро?— Повеќето луѓе мислат дека не е. Библијата ни кажува за едно момче по име Јосија. Нему ич не му било лесно да го прави она што е добро. Но, тој имал добри пријатели што му помагале. Ајде да дознаеме нешто повеќе за Јосија и за неговите пријатели.

Татко му на Јосија бил цар на Јуда и се викал Амон. Амон бил многу лош и им служел на други богови. Кога умрел Амон, Јосија станал цар на Јуда. Ама, тогаш имал само осум години! Дали и тој бил лош како татко му?— Не бил.

Софонија им кажувал на луѓето да не им служат на други богови

Уште како дете, Јосија сакал да го слуша Јехова. Затоа, се дружел само со оние што го сакале Јехова. Тие многу му помогнале на Јосија да го прави она што е добро. Кои му биле пријатели на Јосија?

Еден од нив бил Софонија. Софонија бил пророк и им кажувал на луѓето  во Јуда дека ќе им се случат лоши работи ако им служат на други богови. Јосија го слушал Софонија и му служел на Јехова, а не на други богови.

Друг пријател на Јосија му бил Еремија. Тој бил отприлика колку Јосија. Тие двајца уште како деца живееле близу еден до друг и биле многу добри пријатели. Кога Јосија умрел, Еремија напишал една посебна песна во која кажал колку жали по Јосија. Еремија и Јосија си помагале еден на друг да го прават она што е добро и да му бидат послушни на Јехова.

Јосија и Еремија си помагале еден на друг да го прават она што е добро

Што учиш од Јосија?— Уште од мал, Јосија сакал да го прави она што е добро. Тој знаел дека треба да се дружи само со луѓе што го сакаат Јехова. И ти избирај си пријатели кои го сакаат Јехова и кои ќе ти помагаат да го правиш она што е добро!

ПРОЧИТАЈ ВО БИБЛИЈАТА: