Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Поучете ги своите деца

 ТЕМА 7

Дали понекогаш си осамен и уплашен?

Дали понекогаш си осамен и уплашен?

Го гледаш ли детенцето на сликата? Изгледа осамено и уплашено, нели? Дали и ти некогаш си бил осамен и уплашен?— Сите понекогаш се чувствуваме така. Во Библијата пишува дека и некои пријатели на Јехова биле осамени и уплашени. Еден од нив бил Илија. Ајде да научиме нешто за него.

Језавела сакала да го убие Илија

Илија живеел во Израел, многу години пред да се роди Исус. Во тоа време, Ахав бил цар на Израел, но не го слушал вистинскиот Бог, Јехова. Тој и неговата жена Језавела му служеле на лажниот бог Ваал. И повеќето луѓе во Израел почнале да му служат на Ваал. Царицата Језавела била многу лоша и сакала да ги убие сите луѓе што му служеле на Јехова. Тоа значи дека сакала да го убие и Илија! Знаеш ли што направил Илија?—

Илија избегал! Отишол далеку во пустината и се скрил во една пештера.  Што мислиш, зошто го направил тоа?— Многу се уплашил. Но, Илија не требало да се плаши. Зошто? Затоа што знаел дека Јехова може да му помогне. Јехова и порано му покажал на Илија колкава сила има. Еднаш, Јехова му исполнил една молитва на Илија со тоа што пуштил оган од небото. Тоа значи дека и сега можел да му помогне!

Како Јехова му помогнал на Илија?

Додека Илија бил во пештерата, Јехова го прашал: ‚Што правиш таму?‘ Илија му рекол: ‚Никој друг освен мене не ти служи. Страв ми е затоа што луѓето сакаат да ме убијат‘. Илија мислел дека се убиени сите други што му служеле на Јехова. Но, Јехова му рекол: ‚Не е така. Има уште 7.000 луѓе што ми служат. Биди храбар. Имам уште работа за тебе!‘ Што мислиш, дали му олеснило на Илија кога го чул тоа?—

Што учиш од она што му се случило на Илија?— Никогаш немој да се плашиш и да мислиш дека си сам. Имаш пријатели кои го сакаат Јехова и кои те сакаат тебе. Исто така, Јехова е многу силен и секогаш е тука за да ти помага! Те радува ли ова?—

ПРОЧИТАЈ ВО БИБЛИЈАТА: