Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

Select language македонски

 ТЕМА 14

Царство што ќе владее со целата Земја

Царство што ќе владее со целата Земја

Можеш ли да погодиш кое Царство е тоа?— Тоа е Божјето Царство кое ќе ја направи целата Земја рај. Сакаш ли да научиш повеќе за ова Царство?—

Секое царство си има свој цар. А царот владее со луѓето во својата земја. Знаеш ли кој е Царот на Божјето Царство?— Тоа е Исус Христос. Тој живее на небото. Наскоро тој ќе биде Цар над сите што живеат на Земјата! Што мислиш, ќе бидеме ли среќни кога Исус ќе биде Цар над целата Земја?—

Што би сакал најмногу да правиш во Рајот?

Ќе бидеме многу среќни! Во Рајот, луѓето нема да се караат и повеќе нема да има војни. Сите ќе се сакаат. Луѓето нема да се разболуваат и да умираат. Слепите ќе гледаат, глувите ќе слушаат, а оние што не можат да одат, тогаш ќе трчаат и ќе скокаат. Ќе има храна за сите. Сите животни ќе бидат мирни и ќе можеме да ги галиме. Луѓето што умреле пак ќе оживеат. Ќе оживеат и многу од оние за кои читавме во оваа брошура, како што се Ревека, Раав, Давид и Илија! Сакаш ли тогаш да се запознаеш со нив?—

 Јехова те сака и сака да бидеш среќен. Ако продолжиш да учиш за Јехова и ако го слушаш, ќе можеш да живееш засекогаш во убав рај! Сакаш ли и ти да живееш во Рајот?—