Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Библијата — која е нејзината порака?

 ДЕЛ 1

Творецот го сместува човекот во рај

Творецот го сместува човекот во рај

Бог ја создава вселената и животот на Земјата. Создава совршени маж и жена, ги сместува во една прекрасна градина и им дава заповеди кои треба да ги слушаат

„ВО ПОЧЕТОКОТ Бог ги создаде небото и земјата“ (1. Мојсеева 1:1). Се вели дека ова се најпознатите уводни зборови што некогаш биле запишани. Со оваа едноставна, но силна изјава, Библијата ни ја претставува најважната Личност во целото Свето писмо — Семоќниот Бог Јехова. Првиот стих во Библијата открива дека Бог ја создал бескрајната вселена и планетата на која живееме. Од стиховите што следат понатаму дознаваме дека во текот на неколку долги периоди, симболично наречени „денови“, Бог ги создавал своите чудесни творби подготвувајќи ја Земјата да биде наш дом.

Човекот бил круна на Божјето творештво на Земјата. Тој бил создаден според Божјиот лик, односно имал способност да ги покажува особините на Бог, како што се љубовта и мудроста. Бог го направил човекот од земниот прав, му го дал името Адам и го сместил во рај, наречен еденска градина. Самиот Бог ја направил оваа градина во која изникнале прекрасни родни дрвја.

Бог видел дека не е добро човекот да биде сам. Затоа зел едно ребро од Адам и создал жена, која подоцна го добила името Ева. Таа му станала сопруга на Адам. Тој бил толку восхитен од неа што ги кажал следниве поетски зборови: „Најпосле, еве коска од моите коски и месо од моето месо“. А Бог рекол: „Затоа човек ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи до својата жена, и тие двајцата ќе станат едно тело“ (1. Мојсеева 2:22-24; 3:20).

Бог им дал на Адам и Ева две заповеди. Прво, им заповедал да ја уредуваат Земјата како свој дом, да се грижат за неа и, со текот на времето, да ја наполнат со свои потомци. И второ, им забранил да јадат плод само од едно дрво во таа огромна градина — од „дрвото на спознанието на доброто и злото“ (1. Мојсеева 2:17). Им рекол дека, ако ја прекршат таа заповед, ќе умрат. Со тие две заповеди, Бог им дал можност да покажат дека го прифаќаат како свој Владетел. Исто така, со својата послушност ќе покажеле дека го сакаат и дека му се благодарни. Навистина немале никаква причина да го отфрлат својот добар Владетел. Тие совршени луѓе биле без никаква маана. Библијата ни кажува: „Бог го погледна сето она што го беше направил, и гледај, беше многу добро“ (1. Мојсеева 1:31).

Се темели на 1. Мојсеева, поглавја 1 и 2.

Нешто повеќе

ДОБРА ВЕСТ ОД БОГ!

Каква е Божјата намера со Земјата?

Библијата објаснува зошто Бог ја создал Земјата, кога ќе престанат страдањата и каква иднина ги чека Земјата и оние што ќе живеат на неа.

РАЗБУДЕТЕ СЕ!

Вистината за создавањето

Дали библискиот извештај за создавањето е во склад со научните факти?